Крипто пазарот е повторно во центарот на вниманието откако Ripple и Convera официјално ги здружија силите за да го забрзаат прекуграничното плаќање преку стејблкоини. Ова партнерство има за цел да ги надмине ограничувањата на традиционалните финансиски системи и да донесе побрзи трансакции за луѓето околу светот.
Нов Модел: „Stablecoin Sandwich“
Неодамна, Ripple најави дека ќе склопат партнерство со Convera за да ги подобрат прекуграничните трансакции. „Stablecoin sandwich“ е нова технологија за плаќање која е во срцето на оваа соработка според Convera. Иако на почетокот и на крајот на трансакцијата се користат фиат валути, за посредување на плаќањето се користат стејблкоини.
Convera го управува целиот тек на плаќањата за клиентите, додека Ripple обезбедува ликвидност, конверзија (on/off-ramp) и инфраструктура за брзо прекугранично плаќање. Овој пристап овозможува значително намалување на времето и трошоците за трансакции.
Како резултат на оваа крипто технологија, овој модел може да донесе револуција особено во региони каде банкарски трансфери се бавни и скапи. Бизнисите ќе можат да прават трансакции побрзо, со подобра ликвидност и поголема сигурност.
Ripple ја Зацврстува Својата Позиција
Оваа соработка ги зацврстува позициите на Ripple како лидер во прекуграничните плаќања на база на блокчејн. Со интеграција на стејблкоини, компанијата ги отвора патиштата за масовно усвојување на крипто решенијата во реалниот свет.
Кога станува збор за цената на Ripple, може да да се види дека минува низ една турбуленција моментално. Според CoinMarketCap, вредноста на XRP криптото паднала од $1.42 до $1.35 во минатите седум дена. Ова е пад од 5% во само една недела.

Меѓутоа, може да се приметат и некои позитивни Ripple вести. На пример, инфлуенсерот Ali Charts направи објава на својот X профил каде што кажа дека околу 190 милиони XRP токени биле акумулирани од крипто китови во минатата недела. Историски гледано, вакви потези често доаѓале пред голем скок на цената на една криптовалута. Не само тоа, CME Group направи нов поднесок до SEC во кој го додаде Ripple рамо до рамо со Bitcoin.
Техничките Индикатори Покажуваат Позитивни Сигнали
Техничките индикатори за Ripple во моментов покажуваат позитивен тренд. Според Investing.com, RSI индикаторот моментално има вредност од 56 во последните 14 дена. Овој сигнал покажува дека краткотрајниот моментум е биковен и може да допринесе до раст на цената на Ripple.
Истотака, вредноста од 0.005 за MACD (12, 26) е сè уште во зоната на купување и покажува биковски кросовер. Ова значи дека краткорочниот ценовен импулс на ова крипто е позитивен и штотуку ја преминал нултата линија.
Очигледно е дека крипто пазарот ја препознава вредноста на ваквите партнерства и нивното влијание врз иднината на прекуграничните плаќања.
Што Значи Ова за Иднината?
Соработката помеѓу Ripple и Convera е јасен сигнал дека традиционалните финансии и крипто технологијата сè повеќе се спојуваат. Доколку овој модел се прошири, може да стане нов стандард за меѓународни трансакции. Со позитивни технички сигнали и институционална поддршка, Ripple се позиционира како еден од клучните играчи во крипто пазарот.









