Cryptobanana Македонија
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт
No Result
View All Result
Cryptobanana Македонија
No Result
View All Result
Home Вести

Bitmine ја Премина Границата од 5 Милиони ETH со Најголемата Набавка од Декември

Stefan Jordanovski by Stefan Jordanovski
април 28, 2026
in Вести
0
74
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Bitmine направи уште еден историски чекор, ја надмина границата од 5 милиони ETH во своите резерви со последната набавка од 101,901 ETH. Оваа набавка е најголемата од Декември 2025 и дополнително ја зацврстува позицијата на фирмата како еден од најголемите институционални играчи во Етереум екосистемот. Меѓутоа, цената на Етереум бележи мал пад во изминатата недела. 

You might also like

Tron Доминира: Со 1 Билион Нови USDT и Рекордна Активност, TRX е на Прагот на Голем Скок

Ripple се Шири во Кореја преку Kbank – Дали XRP е Подготвен за Нов Скок?

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

Повеќе од 4.2% од Вкупната Понуда на Етереум 

Неодамна, Bitmine изјави дека направиле набавка на 101,901 ETH за само седум дена. Со оваа набавка, тие сега имаат 5 милиони ETH во своите резерви. Овој потег доаѓа брзо по набавката од 101,627 ETH која се случи на 20 Април, 2026. Не само тоа, Bitmine сега контролира повеќе од 4.2% од вкупната понуда на Ethereum. Ова е импресивна бројка, особено бидејќи компанијата ја постигна оваа цел за помалку од една година.

Претседателот Tom Lee го нарече ова “голема пресвртница“, истакнувајќи дека компанијата се приближува до следната цел која е 5% од целокупната понуда. Тој исто така кажа дека “мини крипто зимата“ е при крај. Токму поради ова, Bitmine ја забрза својата стратегија за купување.

Ова укажува на силна доверба дека Етереум криптото може да влезе во нова фаза на раст во блиска иднина.

Цената на Етереум е во Пад 

И покрај агресивната акумулација, цената на Етереум се соочува со мал пад во последните седум дена. Според CoinMarketCap, вредноста на оваа криптовалута паднала од $2,329 до $2,270 во изминатите седум дена. Ова може да се види како корекција после скокот од 15% за цената на Етереум во последниот месец. 

Оваа криптовалута моментално се соочува со интензивен притисок за продажба, при што клучните нивоа на отпор седат кај $2,350 и $2,400. Понатамошен отпор постои кај $2,500 и $2,550. Неуспехот да се пробие над $2,400 може да донесе подлабок пад кон $2,050 или пак $1,900.

Техничките Индикатори покажуваат Негативна Слика 

Кога станува збор за техничката анализа на Етереум криптото, таа покажува негативна слика. Според датата од Investing.com, 14-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 41 што е во црвената зона. Ова покажува дека цената на Етереум е во паѓачки тренд. 

Не само тоа, 13-дневниот bull/bear power индикаторот има вредност од -8. Овој индикатор покажува дека мечките се во контрола и ја поттиснуваат цената на Етереум под својот 13-дневен просек. Ако ова продолжи, оваа криптовалута може да се соочи со уште нестабилност во цената. 

Големите Играчи се Позиционираат за Можен Раст?

Додека краткорочните сигнали за Етереум изгледаат слаби, потезите на Bitmine испраќаат поинаква порака. Овие потези покажуваат дека институциите се подготвуваат за следниот раст на Етереум криптото.

Со над 5 милиони ETH во своите резерви, компанијата јасно става до знаење дека верува во долгорочниот потенцијал за раст на цената на Етереум. Прашањето сега е дали другите инвеститори ќе го следат овој сигнал или ќе продолжат да бидат скептични уште некое време.

Tags: bitmineCryptoETHЕтереумКриптокриптовалутацена на Етереум
Share30Tweet19
Stefan Jordanovski

Stefan Jordanovski

Писател со страст за следење на најновите трендови во светот на блокчејн технологијата и крипто валутите како Bitcoin и Ethereum. Специјализиран за креирање информативна и аналитичка содржина, вклучувајќи вести, пазарни анализи и блогови за крипто проекти. Како фриленсер, работел со стартапи, крипто платформи и медиуми, помагајќи им да изградат силно онлајн присуство преку SEO оптимизирани текстови, едукативни водичи и содржина насочена кон кликови. Со фокус на вредност за читателите, успешно ги претвора комплексните теми во лесно разбирлива и привлечна содржина за широка публика.

Recommended For You

Tron Доминира: Со 1 Билион Нови USDT и Рекордна Активност, TRX е на Прагот на Голем Скок

by CryptoBanana MK Team
мај 1, 2026

Крипто пазарот повторно покажува знаци на живот, а Tron се издвојува како еден од најактивните екосистеми во моментот. Со цената на TRX која се движи околу $0.32 и...

Read moreDetails

Ripple се Шири во Кореја преку Kbank – Дали XRP е Подготвен за Нов Скок?

by Stefan Jordanovski
април 30, 2026

Крипто пазарот влегува во нова фаза на динамични промени, а XRP е во центарот. Иако XRP цената во последната недела паднa, последниве вести од Азија може да донесат...

Read moreDetails

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

by Stefan Jordanovski
април 29, 2026

Крипто пазарот повторно виде позитивно движење во последните неколку недели. Истовремено, цената на Биткоин е скоро 30% повисока од своето Февруарско дно од $60,000. Овој нагорен тренд многу...

Read moreDetails

Ethereum Foundation Отклучи $48.9М ETH откако се Доближија до Целта од 70.000 ETH

by Stefan Jordanovski
април 27, 2026

Неодамна, Ethereum Foundation привлече внимание откако отклучи 17,035 ETH во вредност од околу $48.9 милиони. Интересно е што овој потег доаѓа само неколку дена откако фондацијата се доближи...

Read moreDetails

KuCoin ја лансира KuCard во Австралија со помош на Mastercard

by Stefan Jordanovski
април 24, 2026

Неодамна, KuCoin ја лансираше својата дебитна картичка KuCard во Австралија. Оваа картичка им овозможува на луѓето да ги употребуваат своите криптовалути директно кај трговци кои сео во Mastercard...

Read moreDetails
Next Post

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

Related News

Пресврт на Пазарот: Трамп ги запре нападите, Биткоинот веднаш експлодираше над $72,000

април 8, 2026

Како да купам Биткоин од Македонија?

април 6, 2026

Coinbase И Better.com Ги Претставија Крипто-Хипотеките, Крај На Класичните Кредити?

април 6, 2026

Browse by Category

  • Анализи
  • Вести
  • Криптопедиа
Cryptobanana Македонија

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија

  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

Контактирајте не

No Result
View All Result
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија