На крипто пазарот можеби се случува нов пресврт интересен за следење, откако познатиот инвеститор Tom Lee излезе со позитивна прогноза. Според него, “мини крипто зимата” на Ethereum е во завршна фаза. Коментарот е кажан во момент кога неговата компанија Bitmine активно го зголемува своето крипто портфолио. Имено, тие купиле 65,341 Ethereum во последната недела.
Агресивна Акумулација на Ethereum
Компанијата Bitmine изјави дека инвестирала повторно во Ethereum. Во последната купувачка која се случила во минатата недела, компанијата додаде 65,341 ETH. Со ова, вкупните ETH резерви на Bitmine надминаа 4.66 милиони токени. Тие се вредни повеќе од 10 милијарди долари.

Ова значи дека BitMine сега контролира околу 3.86% од циркулирачката понуда на Ethereum. Оваа понуда се проценува на околу 120.7 милиони ETH. Со вакво темпо, компанијата се приближува до својата цел. Тоа е акумулација на 5% од вкупната понуда на Ethereum криптото.
Причини За Оваа Крипто Акумулација
Според Tom Lee, оваа акумулација се должи на нивната проценка дека “мини крипто зимата” за ова крипто е во финална фаза. После оваа фаза, Tom Lee очекува повторен раст на цената на Ethereum. Компанијата го зголемила темпото на купување во изминатите три недели токму поради ова очекување.
Истотака, Tom Lee посочи неколку клучни фактори кои допринесуваат за неговиот позитивен став. Меѓу нив е напредокот на CLARITY Act of 2025, кој има за цел да донесе јасност во регулацијата на крипто пазарот.
Дополнително, тој ја истакна и издржливоста на криптовалутите во услови на глобални тензии. Пример, конфликтот поврзан со Iran. Интересно е што цената на Ethereum бележи раст од околу 10% во овој период според CoinMarketCap, надминувајќи ги традиционалните пазари.
Bitmine Во Трка За Доминација
Со своите огромни резерви, BitMine веќе е најголемиот корпоративен сопственик на Ethereum. Според дата од The Block, зад неа се наоѓаат компании како SharpLink и The Ether Machine кои имаат 868,699 и 496,712 ETH во своите резерви поединечно.

Во пошироки рамки, Bitmine е втор најголем крипто трезор меѓу јавните компании, веднаш зад Strategy, предводена од Michael Saylor, која поседува 761,068 Bitcoin во своите резерви.
Дали Следи Нов Крипто Бран?
Ако прогнозите на Tom Lee се покажат точни, наредната фаза за Ethereum може да се покаже како клучна точка за инвеститорите. На пример, историската дата покажува дека агресивна акумулација од страна на институционални инвеститори како Bitmine на една крипто валута носи краткотраен раст.

Кога станува збор за цената на Ethereum, оваа изјава е повторно точна. CoinMarketCap покажува дека Ethereum пораснал од ниската точка $2,110 до највисоката точка $2,180 пред да се стабилизира на $2,160 во изминатите 24 часа. Иако неизвесноста сè уште постои, сигналите покажуваат дека можеби „мини крипто зимата“ навистина завршува, а новиот циклус на раст веќе почнува.









