Крипто пазарот повторно покажува мешани сигнали, но Cardano почнува да привлекува внимание поради потенцијален пресврт. И покрај неодамнешниот пад, техничките индикатори како MACD сигналот укажуваат дека ADA можеби се подготвува за нов силен раст. Дури и некои инфлуенсери предвидуваат можен раст на ADA цената.
Перформансот на Cardano Во Последните Неколку Недели
Cardano поминува низ некои турбуленции во минатите недели. Според CoinMarketCap, ADA цената паднала од $0.27 до $0.24 во едно-неделната графа. Ова е одприлика 9% пад за Cardano. Ако се погледне пошироката слика, криптото е во минус од околу 10% месечно и повеќе од 60% во една година. Од стартот на 2026, ADA цената паднала дури 30%.

Најновиот пад дојде веднаш по лансирањето на Midnight, новиот “privacy sidechain”. Ова на прв поглед изгледа контрадикторно бидејќи е позитивна вест, но донесе негативна реакција на пазарот.
Midnight: Скриени трансакции и нова ера за Cardano
Според официјалната објава на Midnight, овој “sidechain network” овозможува приватни трансакции и паметни договори со зголемена безбедност. Midnight на уникатен начин ги комбинира јавните и приватните податоци, овозможувајќи им на апликациите да потврдуваат чувствителни лични, финансиски и комерцијални информации без тие да бидат изложени на мрежата.
Ова е голем чекор за Cardano, особено во контекст на институционално усвојување. Со ова, мрежата добива инфраструктура што може да поддржи „enterprise-level“ приватност. Ова е нешто што многу крипто проекти сè уште го немаат а многу институции го бараат.
Градење на База за Следниот Скок
И покрај краткорочниот пад, некои инфлуенсери се сеуште позитивни кога станува збор за Cardano криптото. На пример, инфлуенсерот Javon Marks направи објава на својот X профил каде што кажа дека Cardano повторно поставува огромна база за уште еден огромен раст наскоро.
Не само тоа, MACD индикаторот покажува позитивни сигнали. Според Investing.com, Cardano моментално има MACD од 0.001 кој е во купувачката зона. Со овој индикатор, може да се види дека краткотрајниот моментум е во биковската страта. Историски гледано, вакви MACD формации кај ADA криптото често претходеле на силни нагорни движења.
Покрај MACD и други технички индикатори покажуваат знаци на закрепнување. На пример, bull/bear power индикаторот е исто на страна на биковите со вредност од 0.0026 во последните 13 дена. Бидејќи вредноста е позитивна, биковите моментално се доминантни и ги туркаат цените нагоре. Ова создава услови за потенцијален пресврт особено ако поширокиот крипто пазар се стабилизира.
Потценет Момент или Лажен Сигнал?
Иако ADA цената има лош перформанс од стартот на 2026, сешуте постојат позитивни фундаментални подобрувања кои би можеле да донесат повторен раст. На пример, лансирањето на Midnight и техничките индикатори кои покажуваат добра слика за иднината на оваа криптовалута. Не само тоа и геополитичките влијанија може да поттикнат интерест во крипто пазарот. Дури и Tom Lee вели дека криптото е “воено злато”.
Дали ова е почеток на нов голем раст или само краткотраен „bounce“ останува да се види. Но едно е сигурно: ADA повторно влегува на радарот на крипто трејдерите како потенцијална можност за гледање експлозивен раст.









