Крипто пазарот повторно доживеа неочекувана нестабилност, поради тоа што Bitcoin изненадно и “неконтролирано” падна до најниската месечна цена од $65,000 во понеделникот наутро. Овој бурен пад доаѓа со контроверзните изјави на Доналд Трамп во однос на геополитичките случувања на Блискиот Исток.
Мирен Викенд, Бурен Почеток На Неделата
Минатиов викенд изгледаше мирен со Bitcoin цената седејќи помеѓу $66.000 и $67.000. Сепак, оваа стабилизација беше краткотрајна. Со отворањето на традиционалните пазари во Понеделник, цената нагло падна под $65.000 што е ново месечно дно и ги изненади инвеститорите.
Како предизвикувач на ова може да се посочи Доналд Трамп. Тој изјави дека многу важни цели биле уништени во Иран на неговата социјална платформа Truth Social. Меѓутоа, важно е да се напомене дека Bitcoin цената успеа да се искачи повторно после овој пад.

Брз Пресврт и Скок од $3,000
По наглиот пад, Bitcoin направи импресивен пресврт. Имено, Bitcoin цената успеа да скокне речиси $3.000 и да се приближе до $68.000 долари за многу кратко време. Овој тип на движење (брз пад па силен раст) е типичен за крипто пазарот бидејќи емоциите на инвеститорите играат голема улога.
Според CoinMarketCap, цената на BTC паднала од $70,000 скоро до $67,000 во мината недела. Ова е пад од околу 5% за само неколку дена. Но, кога ќе се погледне месечното движење може да се примети и раст. Имено, Bitcoin цената се качила исто 5% од $63,000 во последниот месец.

Ова неконтролирано движење придонесе до различни предвидувања од многу инфлуенсери. На пример, Crypto Tony предвидува можен раст на цената на оваа криптовалута до $68,000 ако успее да се задржи над $67,000 и да го направи ова ниво поддршка. Од другата страна, Peter Brandt предвидува можен пад на BTC како резултат на „Rising Wedge” сигналот.
Техничките Индикатори Сеуште Се Позитивни
При големите движења, техничките индикатори за Bitcoin остануваат во позитивна зона. Имено, Investing.com дата покажува дека ова крипто има RSI индикатор од 62.58 во последните 14 дена. Ова е показател дека е присутен биковски моментум или посилно купување отколку продажба на оваа криптовалута.
Истотака, овој показател покажува дека Bitcoin сеуште не ја достигнало територијата „прекупено“ (над 70). Ова значи дека криптото има простор за раст пред да може да се смета за преценето.
Крипто Пазарот е Управуван од Вести и Емоции
Настаните од последниот ден покажуваат дека Bitcoin не е имун на геополитички влијанија. Изјавите на политичките лидери како Доналд Трамп можат да направат краткорочен хаос на пазарот и да придонесат до силни реакции од инвеститори.
Сепак, долгорочната слика останува отворена. Доколку позитивните технички индикатори се потврдат, овој „микро хаос“ може да се покаже како само уште една фаза во поголем растечки циклус на Bitcoin цената.
А и поискусните инвеститори знаат дека во крипто пазарот, мирот може да го снема во една секунда, а наредниот голем потег може да дојде кога најмалку се очекува.









