Неодамна, KuCoin ја лансираше својата дебитна картичка KuCard во Австралија. Оваа картичка им овозможува на луѓето да ги употребуваат своите криптовалути директно кај трговци кои сео во Mastercard мрежата. Со ова, криптото добива нова практична употреба како секојдневно средство за плаќање.
Како Функционира KuCard?
Според официјалниот блог на KuCoin, KuCard е развиена во партнерство со Immersve која е член на мрежата на Mastercard. Ова ќе им овозможи на луѓето да ја користат оваа картичка кај било кој Австралиски трговец кој е на Mastercard мрежата.

Картичката овозможува плаќања со крипто при што средствата автоматски се сменуваат во фиат валута во моментот на трансакцијата. Ова значи дека луѓето не мора однапред да ги конвертираат своите криптовалути. Целиот овој процес ќе се случува во позадина и без дополнителни чекори.
Не само тоа, корисниците во Австралија ќе можат да ја користат KuCard и преку Apple Pay и Google Pay. Ова дополнително ја зголемува достапноста на оваа дебитна картичка. При лансирањето, услугата поддржува 37 USDC трговски парови. Ова ја зголемува флексибилноста на корисниците при користењето на оваа картичка.
Фокус на Регулатива и Безбедност
KuCoin истакна дека производот е дизајниран со силен фокус на усогласеност со регулативите. Затоа, тој е регистриран кај AUSTRAC кој е регулатор и единица за финансиско разузнавање во Австралија за борба против перење пари и финансирање на тероризам (AML/CTF).
AUSTRAC го штити финансискиот систем преку следење на над 19.000 бизниси, вклучувајќи банки и крипто берзи како KuCoin. Со ова, се спречува перење пари, финансирање на тероризам и организиран криминал. Ова е клучен чекор за градење доверба кај корисниците и институциите.
Mastercard го проширува Крипто Екосистемот
Mastercard сè повеќе ја проширува својата улога во крипто пазарот. Покрај поддршката за KuCard, компанијата неодамна се вклучи и во инфраструктурни решенија поврзани со Solana. Имено, тие ја поддржија новата Solana платформа наречена Solana Developer Platform. Оваа платформа е направена за да им помогне на фирмите по едноставно да создаваат различни финансиски продукти на блокчејн.
Не само тоа, Mastercard се приклучи и на Blockchain Security Standards Council (BSSC). Ова е непрофитен проект поддржан од големи играчи како што се Coinbase, Fireblocks и Anchorage Digital кој има за цел да постави стандарди за безбедност низ блокчејн мрежите. Mastercard соопшти дека ќе придонесе со своето знаење околу безбедноста на плаќањата, верификацијата на идентитетот и спречувањето на измами.
Ова покажува дека традиционалните платежни гиганти активно ја прифаќаат блокчејн технологијата.
Што Значи ова за Иднината?
Лансирањето на KuCard е јасен сигнал дека границата помеѓу крипто и традиционалните финансии ја снемува. Со над 40 милиони корисници во повеќе од 200 земји, KuCoin има потенцијал да го забрза користењето на криптовалути во секојдневието. Не само тоа, KuCoin и Mastercard заедно покажуваат дека криптовалутите во иднината ќе можат да се користат лесно и брзо како и традиционалните валути.









