Крипто пазарот повторно влегува во фаза на зголемена неизвесност, откако Ethereum се соочи со силен отпор околу нивото од $2,200. И покрај позитивните сигнали од техничките индикатори, цената засега не успева да направи убедлив пробив. Ова ја засилува борбата меѓу купувачите и продавачите. Меѓутоа, некои крипто инфлуенсери остануваат позитивни за ETH, правејќи значајни предвидувања за потенцијалниот раст на цената.
Клучното Ниво Од $2,200
Ethereum цената е доста непредвидлива во минатите недели. Според дата од CoinMarketCap, ETH падна од $2,300 до $2,160 во последните 7 дена. Иако ова е пад од преку 5%, мора да се напомене дека Ethereum цената пораснала скоро 10% од предходниот месец.

Во последните 24 часа, ETH успеа да стигне до $2,180 но не го проби клучното ниво од $2,200. Ова покажува дека продавачите сè уште имаат силно присуство на ова ниво. Меѓутоа, крипто инфлуенсерот Don останува оптимистичен за Ethereum криптото.
Според неговиот X пост, Ethereum моментално гледа форма на растечки триаголник. Тој додаде дека цената на Ethereum може да се искачи до $9,176 ако купувачите превземат контрола и го пробијат $2,200 нивото.
Техничките Индикатори Даваат Надеж
И покрај отпорот, техничката слика не е целосно негативна. Напротив, повеќе индикатори укажуваат на потенцијален раст. На пример, Investing.com покажува дека MACD индикаторот е во зелената зона. Ова значи дека моментумот постепено се префрла на страната на купувачите. Има вредност од 15.31 во последните 12-дена што е поголемо од 25-дневниот период.
Исто така, Bull/Bear Power индикаторот исто така покажува позитивна вредност од 17.77 што покажува дека крипто биковите се во контрола. Овие сигнали често се појавуваат пред поголеми пробиви, но не гарантираат дека тие ќе се случат веднаш.
Што Значи Ова За Краткорочниот Тренд?
Во краток рок, Ethereum цената најверојатно ќе продолжи да се движи во тесен опсег под отпорот од $2,200. Доколку цената успее да го пробие ова ниво со силен волумен, тоа би можело да отвори пат кон повисоки цели (на пример целта на Don).
Од другата страна пак, можно е враќање кон пониски нивоа на поддршка доколку повторно дојде до одбивање. Важно е да се каже дека купувачите повторно ќе се обидат да ја стабилизираат цената иако падне. Како и да е, кога Ethereum ќе почне да се движи пак, моменталната ситуација покажува дека ова движење ќе биде силно и брзо.
Подготовка За Голем Потег
Иако Ethereum моментално се соочува со отпор, позитивните технички индикатори укажуваат дека пазарот не ја изгубил својата сила. Напротив, можно е ова да е фаза на акумулација пред следното растење на оваа криптовалута.
За инвеститорите, ова е период на внимателно следење на клучните нивоа. Пробив над $2,200 може да означи почеток на ново движење нагоре додека неуспехот да се задржи моментумот може да донесе ново паѓање.









