Крипто пазарот е повторно раздвижен откако Canary Capital поднесе барање до SEC за лансирање на spot ETF поврзан со Pepe. Овој потег претставува уште еден чекор кон внесување на меме криптовалутите во институционалниот свет. Истовремено, цената на Pepe е во раст. Но, дали оваа вест ќе донесе нов врв на PEPE вредноста?
Нов ETF за Меме Крипто што го Тресе Пазарот
Според поднесената Form S-1 документација, фондот ќе има за цел да ја следи цената на Pepe. Истовремено ќе ги чува токените преку трета страна или т.н дигитален чувар. Планираниот ETF нема само да инвестира во Pepe, туку ќе вклучи и до 5% изложеност на Етереум. Овој дел од портфолиото ќе се користи за покривање на трансакциските трошоци на Етереум мрежата, на која функционира оваа меме криптовалута.

Ова покажува дека дури и меме криптовалутите бараат посериозен и структуриран пристап кога влегуваат во институционални рамки. Ова е бидејќи постојат ризици во овие валути.
На пример, Canary Capital изјави дека еден од најголемите е високата концентрација на токени кај мал број адреси. Според податоците од S-1 документот, десетте најголеми „wallet“ адреси контролираат околу 41% од вкупната понуда на PEPE. Ова значи дека пазарот може лесно да биде под влијание од големи играчи, што додава голем ризик за крипто инвеститорите.
Раст на Цената на Pepe, но Слаби Технички Сигнали
Кога станува збор за цената на Pepe, таа покажува мал раст во изминатите неколку дена. CoinMarketCap покажува раст од $0.0000033 до $0.0000034 во последната една недела. Ова е зголемување од 5% за PEPE.

Сепак, техничките индикатори за оваа меме криптовалута во моментов се во „црвена зона“. Ова укажува на можен краткорочен пад или корекција за цената на Pepe. Според Investing.com, 14-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 38. Ова е генерално слаб или мечкин тренд, но технички не е во длабоко „препродадената“ територија која е под 30.
Исто така, ADX индикаторот е висок (59) но во “Sell” зоната. Овој сигнал покажува дека придружните индикатори за насока (обично -DI, кој го мери притисокот надолу) се доминантни. Ова создава интересен контраст: позитивен фундаментален развој, но слаб технички моментум.
Дали ETF-от ќе Донесе нов Бран Ликвидност?
Лансирањето на ETF за Pepe може да донесе свежа ликвидност и нов интерест за оваа меме криптовалута, особено од институционални инвеститори. Сепак, останува прашањето дали ваквите инвеститори ќе бидат подготвени да вложуваат во високо спекулативен токен како PEPE.
Историјата покажува дека ETF-ите можат многу да влијаат врз цената на криптото што го следат (погледнете го Биткоин) но успехот зависи од долгорочната побарувачка. Затоа, дали PEPE ќе достигне нови рекорди или ќе се соочи со силна корекција тотално зависи од тоа дали овој интерест ќе продолжи.









