Крипто заедницата остана изненадена откако Eтереум Фондацијата започна структурирана продажба на 5,000 ETH токени. Овој чекор доаѓа во период кога пазарот е чувствителен на големи трансакции што дополнително го зголеми интересот кај инвеститорите. Истовремено, Етереум цената е во раст што е контрадикторно со ставот на Етереум Фондацијата.
Етереум Фондацијата со Потег Кој Привлече Внимание
Неодамна, Етереум Фондацијата направи објава на својот X профил каде кажа дека ќе конвертира 5,000 ETH токени во DAI. Ова е фактички продажба на овие ETH токени. Таа појасни дека целта на оваа конверција е да се обезбеди постабилен модел на финансирање.
Овој пристап овозможува фондацијата да ги финансира своите активности без да зависи од нестабилноста на крипто пазарот. Средствата ќе бидат искористени за истражување, давање на нови грантови за развивачи и поддршка на поширокиот Етереум екосистем. Со други зборови, ова е долгорочен план за раст наместо краткорочна реакција.
Етереум Фондацијата исто кажа дека ќе користи стратегија базирана на time-weighted average price (TWAP) преку платформата CowSwap наместо да ја продаде целата количина веднаш. Овој метод овозможува продажбата да се распредели во текот на времето, со што се намалува влијанието врз Етереум цената. Ова покажува дека Фондацијата внимава на сите фактори за да го заштити крипто пазарот.
Етереум Цената Расте, но Сигналите се Мешани
Интересно е што Етереум цената бележи раст во последните седум дена и покрај оваа продажба. Имено, CoinMarketCap покажува раст на ETH од $2,000 до $2,180 во последната недела. Ова укажува на силна побарувачка за оваа криптовалута.

Сепак, техничките индикатори во моментов се претежно негативни. Investing.com датата покажува дека 13-дневниот bull/bear power индикатор моментално има вредност од -5.38. Ова укажува на фактот дека крипто мечките го контролираат ETH и дека можно е да создадат надолен притисок.
Не само тоа, MACD (12,26) индикаторот е исто во црвената зона со вредност од -0.31. Ова значи дека 12-дневната ЕМА линија е под 26-дневната линија. Сите овие фактори укажуваат на тоа дека Етереум цената е блиску до фаза на консолидација или потенцијална краткорочна корекција.
Стратегија или Слабост?
Потегот на Етереум Фондацијата означува долгорочна визија и фокусирање на стабилност. Исто така, фактот што се користи контролирана стратегија покажува дека ќе нема голем ефект на пазарот иако продажбата може да создаде краткорочен притисок врз Етереум цената.
И покрај тоа што техничките индикатори се во црвено, растот на цената и стабилниот пристап кон продажбата покажуваат дека Етереум останува силен играч на пазарот. Плус, вредно е да се спомене и фактот дека понудата за Етереум стејблкоини неодамна достигна рекордни $180 билиони што е највисокото ниво досега.
За инвеститорите, ова може да значи дека зад краткорочните диви движења се крие долгорочна стабилност и потенцијал за раст на оваа криптовалута.









