Крипто пазарот повторно покажува знаци на живот, а Tron се издвојува како еден од најактивните екосистеми во моментот. Со цената на TRX која се движи околу $0.32 и постепено закрепнува, Tron е во фокусот на инвеститорите. Плус, 1 билион USDT беа испечатени од Tether на Tron мрежата. Овие фактори може да донесат голем ценовен скок.
Нов Скок на Активноста за Tron Мрежата
Еден од главните катализатори зад ова движење е најновото печатење на $1 билион USDT од Tether на Tron мрежата според Lookonchain. Овој потег значително ја зголемува ликвидноста и ја зајакнува улогата на Tron како водечка инфраструктура за stablecoins.
Покрај ликвидноста, бројките од другите податоците се уште поимпресивни. Lookonchain посочи дека активните адреси на Tron пораснале на 76.09 милиони во Април. Во споредба со 51.86 милиони во Март, ова е раст од 46.72%.
Истовремено, бројот на трансакции скокнал за 53.76% и достигал 290.85 милиони. Ова укажува на масовно зголемување на употребата на мрежата, што е клучен фундаментален индикатор за здравјето на еден блокчејн екосистем.
Цената на TRX се Крева, но Бавно
Кога станува збор за цената на TRX, таа е во спор раст. Според CoinMarketCap, вредноста се качила од $0.31 до $0.32 во изминатите 30 дена. Во тоа време, pазарнаta капитализација за ова крипто се кренала од $29 до $30 билиони.
Моментално, Tron криптото се консолидира со непосреден отпор близу $0.3300. Потребно е одлучувачко пробивање над $0.3300 за да се таргетира понатамошен раст околу $0.36. Од друга страна пак, краткорочната поддршка за цената на TRX е утврдена на $0.32. Ако цената падне под ова ниво, другите клучни нивоа на поддршка стојат на $0.310-$0.312.
Техничката Анализа за Ова Крипто е сè уште Негативна
Иако фундаменталните показатели се силни, техничката слика за TRX сè уште не е целосно позитивна. Дел од индикаторите за ова крипто остануваат во „црвена зона“, што укажува дека пазарот сè уште не е целосно убеден во одржлив раст.
На пример, Investing.com покажува дека Williams %R покажува вредност од -77 што е во црвената зона. Ова сугерира дека индикаторот бил во висок опсег на “прекупавање“ и сега паѓа. Co други зборови, биковскиот моментум губи сила.
Не само тоа, 14-дневниот CCI индикатор моментално има вредност од -98. Бидејќи е под 0, овој индикатор покажува дека ценовниот импулс се поместува надолу, што укажува на потенцијално време за продажба за TRX криптото. Ова значи дека, покрај позитивните вести, краткорочните корекции сè уште се можни.
Дали TRX е Подготвен за Голем Скок?
Tron во моментов покажува сила таму каде што е најважно: во реалната употреба и ликвидноста. Додека многу проекти се потпираат на шпекулации, Tron покажува конкретни бројки и раст.
Историски гледано, ваквите вести често се покажуваат пред значителни ценовни скокови. Пример, Solana која виде ценовен бум откако активноста се зголеми. Сепак, техничките индикатори ќе играат клучна улога во потврдувањето на ова сценарио. Доколку овој тренд продолжи, TRX може да биде еден од главните кандидати за следниот голем скок на крипто пазарот.









