Cryptobanana Македонија
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт
No Result
View All Result
Cryptobanana Македонија
No Result
View All Result
Home Анализи

Нов Рекорд: Активноста на Солана Надмина $1.1T, но Дали SOL ќе Стигне до $1.000?

CryptoBanana MK Team by CryptoBanana MK Team
април 17, 2026
in Анализи
1
74
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Неодамна, Солана надмина голема бариера така што за првпат ја надмина границата од 1 трилион долари во вкупна економска активност во една годишна четвртина. Имено, таа достигна $1.1Т во првата четвртина од 2026. Не само тоа, цената на SOL е истотака во раст. Толку брзо расте штo некои познати инфлуенсери дури предвидуваат и скок до $1,000. 

You might also like

Еуфорија за Биткоин откако го Помина Нивото од $80,000 Прв Пат од Јануари

XRP Се Соочи со еден од Најголемите Одливи, но Историјата вели Можен Раст на Цената Наскоро

Nate Geraci Посочи: Биткоин ETFs “Газат“ – 10 од последните 11 дена Завршуваат во Огромен Плус

Историска Четвртина за Солана 

Според X објавата на Solana Daily, тоталната економска активност на Солана во првата четвртина од 2026 успеала да стигне $1.1T. Ова е огромен скок во споредба со претходните периоди.

⚡️@Solana crosses a major milestone as its Total Economic Activity hits $1.1T in Q1 2026, marking the first trillion-dollar quarter for the network. pic.twitter.com/MoGcsCWCXS

— Solana Daily (@solana_daily) April 16, 2026

За споредба, економската активноста на Солана стигна до $600 билиони во третата четвртина од 2025 и околу $850 билиони во последната четвртина од 2025. Ова покажува јасен тренд на раст и зголемена употреба на оваа криптовалута.

Овој раст не е случаен. Зголемената активност на мрежата покажува дека големите инвеститори и институционални играчи повторно се враќаат кон Солана. Со многу новости и подобрувања како STRIDE, ваквиот раст не е изненадувачки. 

Цената на SOL Веќе Реагира Позитивно 

Кога станува збор за цената на SOL, може да се види дека исто така расте. Според CoinMarketCap, SOL успеа да се качи од $83 до $87 во минатите седум дена. Ова е отприлика 5% раст за ова крипто во само една недела. 

Некои инфлуенсери веруваат дека овој раст ќе продолжи за Солана. На пример, Curb направи објава на својот X профил во кој предвидува скок до $1,000 за цената на SOL. Ова предвидување сврти многу глави во крипто пазарот. 

$SOL

SOL is going to $1,000+ this cycle.#SOLANA ⚡️ pic.twitter.com/fbWP7Oxusg

— curb (@CryptoCurb) April 15, 2026

Иако ова звучи амбициозно, ваквите прогнози добиваат тежина кога се комбинираат со силни фундаментални показатели. Доколку активноста на Солана продолжи да расте со ова темпо, ваквите сценарија не изгледаат тотално невозможни на долг рок.

Техничките Индикатори се во Зелена Зона 

Техничката анализа на Солана исто така покажува позитивна слика. Investing.com датата покажува дека 14-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 60. Ова значи дека биковски моментум е присутен моментално за Солана криптото. 

Не само тоа, 13-дневниот bull/bear power индикатор моментално има вредност од 1.06 што е во зелената зона. Ова покажува дека биковите се во контрола и ја бутнале цената на SOL над 13-дневниата ЕМА линија. Кога ќе се искомбинираат овие фактори, јасно е дека постои силен моментум зад Солана, а и потенцијал за продолжување на нагорниот тренд.

Дали следува Експлозивен Раст?

Рекордна мрежна активност, раст на цената на SOL и позитивни технички индикатори се одлични темели за можен ескплозивен скок на Солана. Сепак, вредно е да се напомене дека патот до $1,000 нема да биде лесен и ќе зависи од пошироките пазарни услови, како и од континуираниот раст на Солана мрежата. 

Но, $1.1T во само една годишна четвртина е големо достигнување кое треба да се цени. Ова јасно покажува дека Солана е голем играч во крипто пазарот. Доколку трендот продолжи, Солана дефинитивно може да види брзо качување на цената. 

Tags: solanaкриптокрипто пазароткриптовалутаСоланацената на SOL
Share30Tweet19
CryptoBanana MK Team

CryptoBanana MK Team

Recommended For You

Еуфорија за Биткоин откако го Помина Нивото од $80,000 Прв Пат од Јануари

by CryptoBanana MK Team
мај 4, 2026

Биткоин цената успеа да го достигне нивото од $80,000 првпат од крајот на Јануари 2026 година. Овој пробив може да се види како силен нагорен моментум и враќање...

Read moreDetails

XRP Се Соочи со еден од Најголемите Одливи, но Историјата вели Можен Раст на Цената Наскоро

by CryptoBanana MK Team
април 27, 2026

XRP забележа еден од најголемите дневни одливи во 2026 година, со околу 34.94М XRP што излегле од берзите во период од 24 часа. Според податоците од Santiment, ова...

Read moreDetails

Nate Geraci Посочи: Биткоин ETFs “Газат“ – 10 од последните 11 дена Завршуваат во Огромен Плус

by CryptoBanana MK Team
април 24, 2026

Spot ETFs поврзани со Биткоин направија силен пресврт во 2026 година, преминувајќи во позитивна територија. Според податоците анализирани од Nate Geraci, овие фондови забележале големи приливи 10 од...

Read moreDetails

Аналитичарите не престануваат: Зошто Етереум е на пат кон $250.000 според експертите од Fundstrat?

by CryptoBanana MK Team
април 24, 2026

Познатиот аналитичар Tom Lee од Fundstrat Global Advisors неодамна обрна внимание на една смела прогноза за Етереум цената. Тој посочи на извештајот на Etherealize кој вели дека вредноста...

Read moreDetails

Кралот е Сменет: Strategy го остави BlackRock зад Себе со Најголемата купувачка на Биткоин од 2024

by CryptoBanana MK Team
април 22, 2026

Неодамна, Strategy направи потег кој го потресе целиот крипто пазар. Имено, тие купија 34,164 BTC токени во вредност од $2.54 билиони. Ова е нивната најголема купувачка за оваа...

Read moreDetails
Next Post

Anthony Scaramucci открива зошто Биткоинот ги "Штиклира“ сите услови за "Прави Пари"

Please login to join discussion

Related News

Што Крие Мирот На Пазарот? Bitcoin Се Бетонираше На $70,000, А Еве Што Велат Техничките Анализи

април 6, 2026

Кралот е Сменет: Strategy го остави BlackRock зад Себе со Најголемата купувачка на Биткоин од 2024

април 22, 2026

Шок на Wall Street: Goldman Sachs поднесе барање за Биткоин ETF

април 15, 2026

Browse by Category

  • Анализи
  • Вести
  • Криптопедиа
Cryptobanana Македонија

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија

  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

Контактирајте не

No Result
View All Result
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија