Децентрализираните финансии бележат развој со Aave, кој пристигна на X Layer. Ова е Layer 2 решение развиено од крипто берзата OKX. Ова им овозможува на корисниците за прв пат да позајмуваат крипто ончејн преку OKX Wallet.
Aave Интегриран Во OKX Екосистемот
Неодамна, OKX изјави дека Aave пристигна на X Layer. Со новата интеграција, корисниците на OKX Wallet добиваат директен пристап до функционалностите на Aave без потреба од дополнителни подесувања. Ова значи дека нема потреба од создавање нови паричници или комплексни постапки како што се „bridging“. Сите услуги се на располагање ако имате OKX Wallet.
Како резултат на Aave, OKX корисниците ќе може да снабдуваат криптовалути како колатерал и да позајмуваат други токени. Kорисниците можат да обезбедат средства – вклучувајќи USDT0, USDG, GHO, xBTC, xETH, xSOL, xBETH и xOKSOL, за да остварат принос што автоматски се зголемува, според офијалната објава. Исто така, корисниците можат да добијат принос со 6 наменски eModes кои нудат до 88% LTV (Loan-to-Value).
Со интеграцијата на X Layer, овие процеси стануваат побрзи и поевтини благодарение на Layer 2 технологијата која ја намалува цената на трансакциите.
Поголемиот Ефект на Маркетот
Една од најзначајните предности за учество во интеграцијата е тоа што Aave останува non-custodial протокол. Ова значи дека корисниците имаат комплетна контрола над своите криптовалути.
Исто така, OKX нагласи дека Aave носи веќе тестирана и сигурна инфраструктура во нивниот екосистем. Овој систем е веќе докажан на пазарот и користен од милиони корисници.
Кога ќе ја погледнеме поголемата слика, може да се види дека Aave добива поширока публика со оваа интеграција додека пак OKX го зајакнува својот ончејн екосистем. Не само тоа, оваа интеграција помеѓу Aave и X Layer веројатно ќе го забрза усвојувањето и ќе ја зголеми активноста во целиот протокол.
Раст На Ликвидноста и DeFi Екосистемот
Според дата од DefiLlama, Aave има вкупно заклучена вредност (TVL) од $24 билиони што ги поставува како еден од најголемите DeFi протоколи во светот. Интеграцијата со X Layer ќе биде од особено значење во однос на зголемувањето на ликвидноста и пристапот до DeFi услуги за нови корисници на OKX.

Неодамна, Ledger истотака најави дека OKX DEX е интегриран во нивниот екосистем. Оваа интеграција им овозможува на корисниците да извршуваат брзи и евтини замени директно од нивниот Ledger Wallet. Важно е дека корисниците одржуваат целосна контрола врз нивните приватни клучеви во овој процес.
DeFi Станува Подостапен
Со доаѓањето на Aave на X Layer, DeFi технологијата прави уште еден чекор кон масовно усвојување. Комбинацијата на сигурна инфраструктура и лесен пристап преку OKX го прави овој потег значаен за иднината на децентрализираните финансии.
Ако го земеме и фактот дека Mark Cuban предвиде дека криптото ќе ги избрише традиционалните банки, може да се каже дека DeFi сферата е на прав пат за ова да се случи.









