Познатиот инвеститор Mark Cuban, испрати силна порака до традиционалните банки дека криптовалутите и финтек иновациите можат да ги избришат од пазарот. Според него, системите на кои се базираат банките се застарени, додека новите технологии нудат решенија кои се поефикасни и по транспарентни.
Застарените Системи на Банките
Неодамна, Mark Cuban имаше дискусија со технолошкиот аналитичар Adam GPT. Во тој разговор, Mark кажа дека една од најголемите слабости на традиционалните банки лежи во сложените процеси на усогласување (reconciliation). Овие процеси се користат за проверка и усогласување на финансиските трансакции и регулаторните обврски, но често се бавни, комплицирани и зависат од човечки фактор.
Проблемот, според него е што голем дел од овие системи функционираат врз основа на така нареченото „корпоративно знаење“ кое не е документирано. Тоа значи дека клучните информации за тоа како функционираат системите се чуваат од вработените, кои и да ги дознаат често не сакаат да ги споделат.
Ова недокументирано знаење е голем проблем за традитионалните банки според него. Тој кажа дека ваков пристап создава систем кој е тежок за модернизација, бидејќи секоја промена бара длабоко разбирање на процесите кои не се формално запишани. Како резултат, банките имаат многу дупки по патот кога станува збор за автоматизација и употребување на нови технологии.
Криптовалутите Претставуваат Директна Закана
Оваа стагнација ги прави традиционалните банки идеална мета за нови и деструктивни технологии како криптовалути и блокчејн. Според AdamGPT, вештачката интелигенција и децентрализираната технологија би можеле да ги поедностават овие работни процеси. Mark Cuban истотака се надоврза и кажа дека финтек компаниите и криптовалутите го менуваат статус квото.
За разлика од традиционалните банки, блокчејн мрежите функционираат на distributed ledgers технологија. Во овој систем, сите трансакции се транспарентни и автоматизирани. Тоа значи дека процесите на усогласување се вградени директно во самиот систем.
Потенцијалот за голема реновација на финансиските услуги преку децентрализирани технологии како крипто би можела да донесе поголема ефикасност како целина. Не само тоа, овој систем носи минимална потреба за човечки управување, а со тоа и помалку манипулирање со системот.
Улогата На Финтек и Вештачката Интелигенција
Mark Cuban се сложува со AdamGPT дека финтек и вештачката интелигенција ќе играат голема улога во трансформацијата на традиционалниот финански сектор. Овие технологии можат да ги поедностават процесите, да ги намалат трошоците и да понудат подобро корисничко искуство. Кога се комбинираат со блокчејн технологија, тие создаваат голем екосистем кој може целосно да го смени овој сектор.
Можност За Напредок Во 2026
Според AdamGPT, 2026 ќе биде важна година бидејќи некои банки се подготвени за автоматизација со вештачка интелигенција. Но истотака тој кажа дека некои немаат организациска сила за воопшто да почнат да работат на тоа.
Се на се, голема предност на традиционалните банки е што сепак имаат позиција која е доминантна во однос на конкурентите, но не знаат како да се прилагодат на технолошки промени. Во оваа сфера, криптовалутите можеби ќе привлечат внимание и ќе ги заменат во иднината. Mark Cuban верува дека ова има голема можност да се случи наскоро.









