Познатиот инвеститор Anthony Scaramucci кажа дека Биткоин ги исполнува сите клучни карактеристики што низ историјата го дефинирале концептот на пари. Според него, едно средство мора да биде ретко, да има употреба и да е широко прифатено. Биткоин криптото ги исполнува сите овие критериуми.
Истовремено, цената на Биткоин бележи значителен раст во минатите неколку дена што возбуди многу инвеститори. Со позитивни технички индикатори, овој тренд се очекува да продолжи за оваа криптовалута.
Аргументите на Anthony Scaramucci за Биткоин Криптото
Неодамна, Anthony Scaramucci направи објава на својот X профил во кој објасни зошто е толку настроен кон Биткоин. Според него, оваа криптовалута ги штиклира сите карактеристики кои ги имаат сите “прави пари”.
Еден од најсилните аргументи на Scaramucci е ограничената понуда на Биткоин криптото. Само 21 милион монети ќе постојат некогаш, што го прави природно реток ресурс и слично како златото. Scaramucci верува дека вкупната пазарна капитализација би достигнала $21 трилион за BTC доколу една монета достигне вредност од $1 милион. Тоа би го поставило меѓу најголемите финансиски средства во светот.
Не само тоа, Scaramucci посочи и на фактот дека многу институционални играчи ги вртат главите кон ова крипто. На пример, Goldman Sachs кој направи прав бум на маркетот така што поднесе барање за Биткоин ETF. Овој тренд ја зајакнува тезата дека Биткоин постепено се трансформира од спекулативно средство во “права пара“.
Пазарот го Потврдува Ова Мислење
Во меѓувреме, цената на Биткоин бележи раст што дополнително ја поддржува позитивната слика. Според CoinMarketCap, вредноста на BTC видела скок од $70,000 до $75,000 во последните седум дена. Ова е раст од околу 5% за само една недела. Не само тоа, цената на Биткоин успеа да стигне до $77,000 во тој период пред да види мала корекција.

Кога станува збор за отпорните точки кои треба да се следат, цената на Биткоин мора да го надмине $75,500 за позитивниот тренд да биде потврден. Доколку ова ниво падне, $80,000 може да биде следно за ова крипто. Но, исто така цената на Биткоин може да се спушти до $73,500 ако отпорот не биде надминат.
Позитивни Технички Индикатори
Техничката слика е исто така позитивна за Биткоин криптото. На пример, Investing.com датата покажува дека 14-дневниот highs/lows индикатор моментално има вредност од 286. Ова значи дека се случуваат значителен број нови скока во споредба со нови падови, што укажува на силен притисок за купување.
Не само тоа, 13-дневниот bull/bear power индикатор има вредност од 380 што е во позитивната зона. Ова значи дека биковите ја креваат цената на Биткоин над 13-дневниот просек. Ако продолжат да ја имаат целата контрола, вредноста на ова крипто може да продолжи да расте.
Биткоин: Вистинска Пара?
Мислењето на Anthony Scaramucci е дека Биткоин веќе ја презема улогата на модерна права пара. Со својата реткост и растечка институционална поддршка, Биткоин се повеќе наликува на дигитално злато. Доколку трендот продолжи, можно е оваа криптовалута навистина да стане првата “вистинска пара“ во дигиталната ера.









