Сенаторката Cynthia Lummis повторно фрли светло на дебатата за крипто пазарот. Неодамна, таа напиша порака до Конгресот на САД да почнат со работа на законска регулација и воведување на правила за крипто валути. Во неa, Lummis истотака напомена дека моменталната администрација на САД е една од најслободните во однос на крипто пазарот, што според неа е можност која не смее да се пропушти.
Времето За Јасност Е Сега
Во ново постирање на социјалната мрежа X, сенаторката Cynthia Lummis истакна дека „времето за јасност е сега“. Крипто индустријата предолго функционира во сива зона бидејќи нема јасни и транспарентни правила според неа. Ова е голем проблем бидејќи недостатокот на јасни правила создава несигурност кај инвеститорите и ги забавува иновациите во оваа сфера.
Таа предупреди дека ова може да биде единствената шанса за воспоставување стабилна и транспарентна регулатива што ќе ја поддржи идната експанзија на пазарот. Ова го кажа бидејќи моменталната администрација на САД е “про-крипто”, но наскоро ќе дојде замена која што може да е против.
Она се надева дека Конгресот ќе го прифати предлог-законот CLARITY Act of 2025. Овој закон е важен со оглед на тоа што се обидува да прецизира со законски одредби кога и под кои околности дигитален токен е произведен и под контрола на SEC, а кога се однесува на стоки под контрола на CFTC.
Дополнителни Регулаторни Мерки
Покрај тоа, законот опфаќа и други важни аспекти. Некои од нив се правилата за идентификација на корисниците, зголемување на транспарентноста и обезбедување двопартиски надзор врз регулаторните агенции. Овие мерки имаат за цел да создадат пофер и посигурен екосистем за сите учесници на крипто пазарот.
Законот веќе помина во Претставничкиот дом со двопартиска поддршка во јули 2025 година. Но, сè уште чека одобрување во Сенатот, каде што преговорите продолжуваат поради одредени загрижености околу можни регулаторни празнини и приносите од stablecoins.
Сепак, неговата цел е јасна. Има цел да обезбеди заштита на потрошувачите и истовремено да помогне со нови иновации преку јасни правила за крипто компаниите.
Што Следува?
Меѓувремено, претседателот на Банкарскиот комитет, Tim Scott изјави дека нова верзија на овој закон може да биде претставена многу наскоро. Тој изрази оптимизам дека напредокот е реален и дека компромисот е многу блиску. Доколку овој закон биде усвоен, тоа би можело да донесе голем интерест во крипто пазарот.
Јасната регулатива не само што ќе ја зголеми довербата кај инвеститорите, туку и ќе отвори врата за поголемо институционално учество. Како што потенцира Лумис, моментот е критичен. А резултатот од овие напори може да ја дефинира иднината на крипто валутите.









