Неодамна, цената на Биткоин успеа да ја пробие бариерата од $72,000. Овој успех беше постигнат откако претседателот Доналд Трамп најави двонеделен прекин на нападите врз Иран. Оваа изјава на социјалните медиуми веднаш ја релаксираше геополитичката напнатост и ја зголеми довербата во целиот крипто пазар.
Геополитичка Вест Која го Крена Биткоин
Претседателот Доналд Трамп направи објава на својот Truth Social профил во кој кажа дека САД ќе ги прекинат планираните напади врз Иран на период од две недели. После оваа вест, цената на Биткоин експлодираше.
Според CoinMarketCap, таа пораснала од $69,150 до $71,650 во еден ден. BTC стигнал и до цена од $72,694 пред повторно да падне во тие 24 часа. Ова ниво не беше достигнато од средината на Март 2026.

Овој нагорен пробив претставува значаен технички сигнал, особено по периодот на нестабилност и консолидација на оваа криптовалута. Враќањето над $72,000 ја засилува довербата дека цената на Биткоин повторно може да влезе во силен нагорен тренд.
Оптимистичко Предвидување за Раст на Цената на Биткоин
Поради овој нагорен тренд, многу инфлуенсери го дадоа своето мислење за потенцијален раст на цената на Биткоин. На пример, инфлуенсерот Don направи објава на својот X профил во која што вели дека Биткоин моментално се соочува со “inverse head and shoulders” движење.
Ова е биковско движење кое најавува пресврт од надолен во нагорен тренд за една криптовалута. Веќе се формирани левото рамо и главата. Моментално се предвидува формирање на десното рамо. Пробивањето на вратната линија кај 97,574$ би значело потврда на ова движење и би можело да донесе раст на цената на Биткоин до $150,000 според Дон.
Техничките Индикатори го Потврдуваат Моментумот
Дополнително, техничката анализа за Биткоин ја поддржува оваа нагорна динамика. Индикаторите сигнализираат засилен моментум и зголемен интерес од купувачите за ова крипто. Според Investing.com, 13-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 69 што е во зелената зона. Ова значи дека Биткоин криптото брзо расте и доживува силен притисок за купување.
Не само тоа, MACD (12,26) индикаторот има вредност од 650. Оваа позитивна вредност покажува дека 12-периодниот EMA е над 26-периодниот EMA, што обично сигналира биковски моментум. Овие фактори ја потврдуваат силата на овој пробив и укажува на вистинска побарувачка, а не само краткорочен скок за цената на Биткоин.
Нова Можност за Биткоин да Експлодира?
Најновите настани потврдуваат дека Биткоин е многу чувствителен на глобалните настани. Одлуката на Доналд Трамп да ги намали тензиите делуваше како катализатор за силен раст на цената на Биткоин.
Следната бариера која што Биткоин мора да ја пробие е $73,500 – ниво кое пружело отпор во минатото. Кога ќе ги земеме во предвид сите позитивни вести, како на пример неодамнешниот перформанс на Биткоин ETFs, ова ниво би можело да биде пробиено многу брзо. Техничките индикатори дополнително го потврдуваат ова мислење.









