Cryptobanana Македонија
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт
No Result
View All Result
Cryptobanana Македонија
No Result
View All Result
Home Вести

Ripple ја поставува 2028 година како рок за “Квантна Подготвеност“ на XRP Ledger

Stefan Jordanovski by Stefan Jordanovski
април 21, 2026
in Вести
1
74
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Ripple неодамна посочи дека ќе се фокусира на безбедноста во иднината. Таа претстави детална “roadmap” стратегија за подготовка на XRP Ledger за ерата на квантните компјутери. Целосната имплементација на оваа стратегија е планирана до 2028 година. 

You might also like

Tron Доминира: Со 1 Билион Нови USDT и Рекордна Активност, TRX е на Прагот на Голем Скок

Ripple се Шири во Кореја преку Kbank – Дали XRP е Подготвен за Нов Скок?

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

Според нив, заканата од квантната технологија повеќе не е теоретска и мора да се започне со подготовка уште сега. Во меѓувреме, XRP цената е во раст последните неколку дена. Со позитивни технички индикатори, овој раст може да продолжи. 

Четири Фази кон Иднината 

Квантните компјутери можат да направат големо рушење на криптографијата што може да влијае врз безбедноста на блокчејн мрежите. Затоа, Ripple објави блог на својата веб страна во кој најави долгорочна отпорност за XRP Ledger во четири клучни фази. Овој пристап ја позиционира XRPL мрежата како една од првите што активно се подготвува за пост-квантната ера.

Првата фаза се фокусира на т.н. „Q-Day“ сценарио. Ова е момент кога сегашните криптографски стандарди би можеле да станат ранливи. Во таков случај, ќе се развијат механизми за миграција кон квантно-безбедни сметки. Втората фаза, планирана за првата половина на 2026 година, ќе вклучува тестирање на нови криптографски решенија препорачани од NIST.

Третата фаза, во втората половина на 2026, ќе овозможи тестирање на новите пост-квантни потписи паралелно со постојните системи во Devnet средина. Конечно, четвртата фаза е планирана за 2028 година, кога се очекува целосна имплементација и транзиција на мрежата кон пост-квантна криптографија.

XRP Цената Реагира Позитивно 

После оваа објава, XRP цената виде позитивен раст. Ова значи дека инвеститорите ја разбираат и препознаваат важноста на долгорочната безбедност и стабилност. Според CoinMarketCap, вредноста на XRP се кренала од $1.37 до $1.44 во последните седум дена. Не само тоа, вредно е да се спомене дека XRP ETFs се соочија со прилив од $55M изминатата недела. Ова беше највисокото ниво за овие фондови во цела 2026. 

Оваа криптовалута се соочува со непосреден отпор во опсегот од $1.49 до $1.52. Ако успее да ги пробие овие пречки, повисоки потенцијални цели се $1.76 и $1.92 долари. Но XRP цената исто така може да падне и до непосредната поддршка помеѓу $1.36 и $1.40 доколку не успее. 

Техничките Индикатори Со Позитивна Слика 

Не само тоа, техничката анализа за ова крипто е исто така позитивна. Investing.com датата покажува дека 13-дневниот bull/bear power индикатор моментално има вредност од 0.0161 што е во позитивната зона. Ова сигнализира дека биковите успешно ја зголемуваат XRP цената над нејзиниот 13-дневен просек. 

Не само тоа, 14-дневниот RSI индикатор има вредност од 62 што е исто така во зелената зона над 50. Тоа покажува дека нагорниот тренд моментално е посилен од надолниот тренд. Со овој позитивен моментум, новиот нагорен тренд може да продолжи за ова крипто. 

Дали Ова е Нов Стандард за Индустријата?

Потегот на Ripple може да постави нови стандарди во крипто пазарот. Наместо да реагира касно, компанијата проактивно гради инфраструктура отпорна на технолошките предизвици во иднината. Ова може да поттикне и други блокчејн проекти да започнат слични иницијативи. 

Додека целиот маркет расте и техничките индикатори се позитивни, оваа стратегија може да биде клучна за долгорочното растење на XRP цената. 

Tags: RipplexrpXRP ценатаКриптоКрипто пазарКриптовалутаКриптографија
Share30Tweet19
Stefan Jordanovski

Stefan Jordanovski

Писател со страст за следење на најновите трендови во светот на блокчејн технологијата и крипто валутите како Bitcoin и Ethereum. Специјализиран за креирање информативна и аналитичка содржина, вклучувајќи вести, пазарни анализи и блогови за крипто проекти. Како фриленсер, работел со стартапи, крипто платформи и медиуми, помагајќи им да изградат силно онлајн присуство преку SEO оптимизирани текстови, едукативни водичи и содржина насочена кон кликови. Со фокус на вредност за читателите, успешно ги претвора комплексните теми во лесно разбирлива и привлечна содржина за широка публика.

Recommended For You

Tron Доминира: Со 1 Билион Нови USDT и Рекордна Активност, TRX е на Прагот на Голем Скок

by CryptoBanana MK Team
мај 1, 2026

Крипто пазарот повторно покажува знаци на живот, а Tron се издвојува како еден од најактивните екосистеми во моментот. Со цената на TRX која се движи околу $0.32 и...

Read moreDetails

Ripple се Шири во Кореја преку Kbank – Дали XRP е Подготвен за Нов Скок?

by Stefan Jordanovski
април 30, 2026

Крипто пазарот влегува во нова фаза на динамични промени, а XRP е во центарот. Иако XRP цената во последната недела паднa, последниве вести од Азија може да донесат...

Read moreDetails

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

by Stefan Jordanovski
април 29, 2026

Крипто пазарот повторно виде позитивно движење во последните неколку недели. Истовремено, цената на Биткоин е скоро 30% повисока од своето Февруарско дно од $60,000. Овој нагорен тренд многу...

Read moreDetails

Bitmine ја Премина Границата од 5 Милиони ETH со Најголемата Набавка од Декември

by Stefan Jordanovski
април 28, 2026

Bitmine направи уште еден историски чекор, ја надмина границата од 5 милиони ETH во своите резерви со последната набавка од 101,901 ETH. Оваа набавка е најголемата од Декември...

Read moreDetails

Ethereum Foundation Отклучи $48.9М ETH откако се Доближија до Целта од 70.000 ETH

by Stefan Jordanovski
април 27, 2026

Неодамна, Ethereum Foundation привлече внимание откако отклучи 17,035 ETH во вредност од околу $48.9 милиони. Интересно е што овој потег доаѓа само неколку дена откако фондацијата се доближи...

Read moreDetails
Next Post

Tom Lee верува во Етереум: Bitmine купи 101,627 ETH - Најголемата набавка за 2026 година

Please login to join discussion

Related News

Што Крие Мирот На Пазарот? Bitcoin Се Бетонираше На $70,000, А Еве Што Велат Техничките Анализи

април 6, 2026

Aave пристигна на X Layer – Позајмувајте крипто директно преку OKX

април 6, 2026

Canary Capital Поднесе Барање за Pepe ETF – Дали Ова ќе ја Однесе Жабата до Нови Рекорди?

април 9, 2026

Browse by Category

  • Анализи
  • Вести
  • Криптопедиа
Cryptobanana Македонија

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија

  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

Контактирајте не

No Result
View All Result
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија