Крипто пазарот повторно е во критична точка по предупредувањето на искусниот трејдер Peter Brandt за потенцијален пресврт кај Bitcoin. Според Brandt, моментално се формира класичен „rising wedge“ модел за оваа криптовалута, што историски покажува пад на цената.
Peter Brandt Со Предупредување за Bitcoin
Неодамна, трејдерот со скоро пет децении искуство на финансиските пазари Peter Brandt предупреди за можен пад на цената на Bitcoin. Според неговата X објава, “rising wedge” модел моментално се развива на таблата на оваа криптовалута. Ова е технички модел кој се појавува кога крипто цената се движи нагоре, но во сè потесен опсег. Иако на прв поглед изгледа како растечки тренд, оваа структура најчесто завршува со пробив надолу.
Неговата анализа брзо го привлече вниманието на глобалната крипто заедница, особено затоа што ваквите формации во минатото често претходеле на остри корекции. Целиот пазар обично реагира со зголемена претпазливост кога ваков сигнал доаѓа од искусен аналитичар.
Цената на Bitcoin и Нејзиното Движење
Кога станува збор за цената на Bitcoin, CoinMarketCap покажува пад од околу 5% во последните седум дена. Според оваа страница, BTC паднал од $70,000 до околу $66,000 во овој период. Иако ова е значителен пад, вредно е да се напомене дека во еден момент BTC дури стигна до $75,000 ако погледнеме на месечните графи. Ова дојде одкако Доналд Трамп најави прекин на нападите на Иран во времетраење од пет дена.

Моментално, една од најважните точки што инвеститорите ја следат е поддршката околу $65.000 за цената на Bitcoin. Ова ниво се смета за „линија во песокот“ и доколку Bitcoin падне под него, можно е да следи посилен надолен тренд. Во спротивно, задржување над ова ниво може да го одложи или избрише негативното сценарио комплетно.
Техничките Индикатори во Црвено
Техничките индикатори за Bitcoin криптото истотака се во црвено. Според Investing.com, MACD (12,26) индикаторот моментално има вредност од -789.7 што е продавачка зона. Не само тоа, Bull/Bear Power индикаторот исто е -2294 во последните 13 дена. Ова укажува на тоа дека продавачите се во контрола и може да ја потиснуваат цената на Bitcoin надоле.
Паника или Подготовка?
Во однос на негативните сигнали, важно е да се има предвид дека Bitcoin веќе поминал низ слични фази. Многу криптовалути виделе вакви корекции во рамките на поголем циклус. Некои трејдери гледаат на овој пад како добар бидејќи сега можат да го купат Bitcoin за поевтино.
Како и да е, “Rising wedge“ формацијата заедно со слаби технички индикатори укажуваат на период на нестабилност кога станува збор за Bitcoin. Следните неколку дена се исклучително важни за неговата иднина. Доколку успее да се задржи над $65,000, цената на Bitcoin може повторно да полета. Но, истотака може и да продолжи да тоне ако не успее.









