Крипто пазарот повторно виде позитивно движење во последните неколку недели. Истовремено, цената на Биткоин е скоро 30% повисока од своето Февруарско дно од $60,000. Овој нагорен тренд многу луѓе го препишуваат на оптимизмот околу целиот маркет, но Matt Hougan – главен инвестициски директор во Bitwise – не се согласува. Тој вели дека зад овој раст стои Strategy.
Strategy како Главна Причина
Во извештај објавен од Matt Hougan, тој истакна дека Strategy е “најголемиот единечен фактор“ зад последниот скок на цената на Биткоин. Во период од само осум недели, компанијата вложила $7.2 билиони во купување на оваа криптовалута. Ова претставува масивен прилив на пари во пазарот.
Во еден од најзначајните потези, Strategy купи дури 34,164 BTC токени во вредност од околу $2.54 билиони, најголемата нивна набавка од Ноември 2024 година. Овој потег ја зголеми довербата на инвеститорите за оваа криптовалута. Плус, испрати и силен сигнал дека институционалните играчи продолжуваат агресивно да акумулираат BTC.
Иако Strategy има доминантна улога, Hougan признава дека не е единствениот фактор. Од 1 Март наваму, Биткоин ETFs имаат привлечено околу $3.8 билиони, што исто така придонесува за растот. Сепак, Hougan вели дека ниеден од овие фактори не може да се спореди со влијанието на Strategy.
Цената на Биткоин Продолжува да Расте
Во последните неколку недели, цената на Биткоин се соочува со нагорен тренд. CoinMarketCap покажува дека вредноста се качила од $66,650 до $77,300 во последните 30 дена. Ова е раст од 15% во само неколку недели за ова крипто.

Кога станува збор за отпорните нивоа, тие седат помеѓу $78,000 и $79,500. Ако цената на Биткоин успее да се искачи над овие нивоа, краткорочно таа може да стигне до $84,400. Плус, овој пробив би можел да помогне и до цената на Биткоин да стигне до $100,000 во иднината. Од друга страна пак, цената може да падне до $73,500 ако Биткоин не успее да ги пробие овие нивоа.
Техничките Индикатори Со Позитивен Знак
Техничката анализа на Биткоин криптото исто така покажува позитивни знаци. Според Investing.com датата, 14-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 59 што е во зелената зона. Ова значи дека моментално има повеќе купувачи од продавачи на BTC и цената е во нагорен тренд.
Исто така, 13-дневниот bull/bear power индикатор има вредност од 392 што е позитивно. Ова значи дека крипто биковите се во контрола и ја буткаат цената над својот 13-дневен просек. Ова дополнително ја зајакнува тезата дека растот на цената на Биткоин не е случаен, туку резултат на силни играчи во маркетот.
Што Следува за Биткоин?
Интересно е што Hougan во својот извештај исто така кажа дека Strategy ќе продолжи со акумулацијата на Биткоин. Ако Strategy продолжи со истото темпо на купување, тогаш оваа криптовалута може да влезе во нова фаза на раст поттикната од институционален капитал.
Едно е сигурно, цената на Биткоин не расте сама. Зад неа стојат големи институции и билиони, а Strategy е една од најголемите.









