Bitmine направи уште еден историски чекор, ја надмина границата од 5 милиони ETH во своите резерви со последната набавка од 101,901 ETH. Оваа набавка е најголемата од Декември 2025 и дополнително ја зацврстува позицијата на фирмата како еден од најголемите институционални играчи во Етереум екосистемот. Меѓутоа, цената на Етереум бележи мал пад во изминатата недела.
Повеќе од 4.2% од Вкупната Понуда на Етереум
Неодамна, Bitmine изјави дека направиле набавка на 101,901 ETH за само седум дена. Со оваа набавка, тие сега имаат 5 милиони ETH во своите резерви. Овој потег доаѓа брзо по набавката од 101,627 ETH која се случи на 20 Април, 2026. Не само тоа, Bitmine сега контролира повеќе од 4.2% од вкупната понуда на Ethereum. Ова е импресивна бројка, особено бидејќи компанијата ја постигна оваа цел за помалку од една година.

Претседателот Tom Lee го нарече ова “голема пресвртница“, истакнувајќи дека компанијата се приближува до следната цел која е 5% од целокупната понуда. Тој исто така кажа дека “мини крипто зимата“ е при крај. Токму поради ова, Bitmine ја забрза својата стратегија за купување.
Ова укажува на силна доверба дека Етереум криптото може да влезе во нова фаза на раст во блиска иднина.
Цената на Етереум е во Пад
И покрај агресивната акумулација, цената на Етереум се соочува со мал пад во последните седум дена. Според CoinMarketCap, вредноста на оваа криптовалута паднала од $2,329 до $2,270 во изминатите седум дена. Ова може да се види како корекција после скокот од 15% за цената на Етереум во последниот месец.

Оваа криптовалута моментално се соочува со интензивен притисок за продажба, при што клучните нивоа на отпор седат кај $2,350 и $2,400. Понатамошен отпор постои кај $2,500 и $2,550. Неуспехот да се пробие над $2,400 може да донесе подлабок пад кон $2,050 или пак $1,900.
Техничките Индикатори покажуваат Негативна Слика
Кога станува збор за техничката анализа на Етереум криптото, таа покажува негативна слика. Според датата од Investing.com, 14-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 41 што е во црвената зона. Ова покажува дека цената на Етереум е во паѓачки тренд.
Не само тоа, 13-дневниот bull/bear power индикаторот има вредност од -8. Овој индикатор покажува дека мечките се во контрола и ја поттиснуваат цената на Етереум под својот 13-дневен просек. Ако ова продолжи, оваа криптовалута може да се соочи со уште нестабилност во цената.
Големите Играчи се Позиционираат за Можен Раст?
Додека краткорочните сигнали за Етереум изгледаат слаби, потезите на Bitmine испраќаат поинаква порака. Овие потези покажуваат дека институциите се подготвуваат за следниот раст на Етереум криптото.
Со над 5 милиони ETH во своите резерви, компанијата јасно става до знаење дека верува во долгорочниот потенцијал за раст на цената на Етереум. Прашањето сега е дали другите инвеститори ќе го следат овој сигнал или ќе продолжат да бидат скептични уште некое време.









