XRP забележа еден од најголемите дневни одливи во 2026 година, со околу 34.94М XRP што излегле од берзите во период од 24 часа. Според податоците од Santiment, ова е шестиот најголем ваков настан годинава. Тајмингот на овој одлив е посебно интересен бидејќи XRP цената е моментално нестабилна. Но, историјата покажува дека цената на една криптовалута расте после вакви одливи.
Масивен Одлив што го привлече Вниманието
Santiment направи објава на својот X профил каде што посочи на фактот дека XRP Ledger забележа вкупен одлив од 34.94М XRP во само 24 часа. Ваквите движења често се следат внимателно, бидејќи можат да сигнализираат промена во насоката на вредноста на една криптовалута.
Најзначајно е што 94% од овие одливи доаѓаат од големи китовски инвеститори, главно на Binance. Ова значи дека не станува збор за мали трансакции, туку за стратегиски потези од играчи со многу капитал. Кога китовите ги повлекуваат своите криптовалути, тоа укажува на акумулација, а не на подготовка за продажба.
Santiment исто кажа дека раст на цената на една криптовалута често доаѓа после вакви големи одливи (историски гледано). Ова е бидејќи има помалку токени на берзите што значи помала понуда за моментална продажба. Така што, се создава потенцијален притисок нагоре, особено ако побарувачката остане стабилна или се зголеми.
XRP Цената е Сè Уште под Мечкин Притисок
XRP цената поминува низ тежок период моментално. CoinMarketCap датата покажува дека таа успеала да се крене околу 5% во изминатите 30 дена и се качила до $1.50. Но, вредно е да се напомене дека оваа криптовалута не успеа да го задржи овој позитивен тренд. Таа сега се движи странично од $1.42 до $1.41 во последната недела.

Оваа криптовалута наоѓа непосреден отпор од кај $1.45-1.46. Пробивањето на овие нивоа е клучно за биковскиот моментум, бидејќи аналитичарите предвидуваат потенцијално движење кон $1.69-$1.72 за XRP цената. Од друга страна пак, клучните нивоа на поддршка што треба да се следат се $1.40 и $1.30.
Техничката Анализа Сугерира Дека Мечките Се во Контрола
Не само тоа, техничките индикатори се во црвената зона за XRP криптото. Имено, Investing.com покажува дека 13-дневниот bull/bear power индикатор моментално има вредност од -0.0171 што е во негативната зона. Ова значи дека мечките се во контрола и ја буткаат XRP цената подоле од својот 13-дневен просек.
Исто така, 14-дневниот CCI индикатор има вредност од -94. Ова значи дека криптото се соочува со голем негативен тренд кој се зајакнува. Сите овие индикатори сигнализираат краткорочен притисок и неизвесност. Ова создава контраст меѓу on-chain податоците и техничката анализа за XRP криптото.
Долгорочниот Фокус на Ripple
Комбинацијата од масивни одливи и активност на китови создава интересна слика за XRP. Имено, ова може да донесе краткорочна нестабилност за цената на оваа криптовалута. Но, вредно е да се напомене дека Ripple гледа на иднината.
Тие веќе поставија рок за “квантна подготвеност“ на XRP Ledger: 2028 година. Ова беше направено со цел да се заштити мрежата од потенцијалните закани од квантните компјутери. Со ова знаење, овие потези може да се гледаат како поставување на терен за следниот ценовен раст.









