Неодамна, Ethereum Foundation привлече внимание откако отклучи 17,035 ETH во вредност од околу $48.9 милиони. Интересно е што овој потег доаѓа само неколку дена откако фондацијата се доближи до својот лимит од 70,000 ETH за стејкинг. Иако официјално објаснување нема, тајмингот поттикна бројни шпекулации во крипто пазарот. Истовремено, цената на Етереум има направено мал раст.
Големо Движење на Етереум
Arkham направи објава на својот X профил каде што рекоа дека Ethereum Foundation отклучила 17,035 ETH во вредност од околу $48.9 милиони. Според on-chain податоците, овие криптовалути биле префрлени од wstETH во unstETH контрактот на Lido.
Дел од крипто публиката смета дека ова може да биде подготовка за нова продажба. Доказите за ова се јаки особено по неодамнешната трансакција во која фондацијата продаде 5,000 ETH.
Иако ваквите движења често изгледаат како сигнал за продажба, тие можат да бидат дел од поширока финансиска стратегија. Ethereum Foundation редовно прави измени во своите резерви за да финансира развој. Сепак, недостатокот на транспарентност околу конкретната причина остава простор за различни толкувања.
Цената на Етереум Расте, Но е сè уште Нестабилна
Истовремено, цената на Етереум бележи мал раст. Според податоците од CoinMarketCap, таа се качила од $2,000 до $2,320 во изминатите 30 дена. Ова е скок од околу 15% во само неколку недели. Но, вредно е да се напомене дека ETH не успеа да го задржи позитивниот моментум кој ја бутна до $2,400 во измината недела.

Отпорните нивоа кои треба да ги следите се $2,400 и $2,466. Ако цената на Етереум успее да ги пробие овие нивоа, има можност да се искачи до $2.800. Но, потребен е одлучувачки пробив за да се одржи биковскиот моментум. Од друга страна пак, Етереум има клучна поддршка околу $2,250. Ако падне под оваа точка, може да потоне до $1,750-$1,880.
Техничката Анализа е Негативна за Ова Крипто
Кога станува збор за техничките индикатори, моментално тие сигнализираат можни продажни притисоци. Ова дополнително ја зголемува неизвесноста кај инвеститорите. Според Investing.com, 14-дневниот RSI индикатор има вредност од 38 што е во црвената зона. RSI од 38 сугерира дека цената на Етереум моментално доживува опаѓачки моментум.
Не само тоа, MACD (12,26) индикаторот има вредност од -1.92. Ова значи дека 12-дневниот ЕМА е сега пониско од 26-дневниот ЕМА. Со овие индикатори, јасно е дека крипто мечките моментално ја контролираат Етереум. Ова создава краткорочен притисок, иако долгорочната слика останува нејасна.
Дали Следува нова Продажба?
Бидејќи тие неодамнаа направија голема продажба на ETH, публиката внимателно ќе следи дали Ethereum Foundation ќе направи нови потези. Цената на Етереум може да види краткорочна нестабилност ако ова пак се случи. Но, ефектот може да биде мал ако е само реорганизација на средства.
Во комбинација со негативните технички индикатори, овој потег само ја зголемува неизвесноста околу ова крипто. Сепак, обрнете внимание дали ова е краткорочен потег или дел од поголема стратегија што допрва ќе се открие.









