Неодамна, Goldman Sachs направи потег што ги изненади многумина на Wall Street. Оваа финансиска институција поднесе регистрација до U.S. Securities and Exchange Commission за нов Биткоин Premium Income ETF. Со овој потег, Goldman Sachs го направи првиот директен чекор кон крипто-инвестициски производи. Овој потег не би можел да дојде во подобро време бидејќи цената на Биткоин бележи раст во последните неколку дена.
Новиот Биткоин ETF на Goldman Sachs и Како ќе Функционира
Goldman Sachs поднесе барање до SEC за нов Биткоин Premium Income ETF. Според барањето, новиот фонд нема директно да го држи Биткоин криптото, туку ќе инвестира најмалку 80% од своите средства во инструменти што обезбедуваат изложеност кон него. Ова вклучува spot Биткоин ETF-и, опции на тие ETF-и, како и индекси поврзани со нив.

Фондот ќе прима приход и од продажба на call опции. Тоа значи дека инвеститорите ќе заработуваат премии од опциите, но ќе се откажат од дел од потенцијалната добивка доколку цената на Биткоин нагло порасне. Овој модел е добро познат во традиционалните финансии, но е нов пристап во крипто пазарот.
Овој потег е истотака направен во право време бидејќи Биткоин ETF-и “горат” во моментов. Неодамна, тие се соочија со прилив од $471 милиони во само еден ден. Ова беше највисокото дневно ниво од крајот на Февруари.
Неочекуван Потег според Аналитичарите
Аналитичарот од Bloomberg, Eric Balchunas исто така беше шокиран од овој потег. Според неговата објава на X, овој фонд е структуриран преку подружница на Кајманските Острови. Ова му овозможува на Goldman Sachs да заобиколи одредени регулаторни ограничувања поврзани со директно поседување на криптовалути како Биткоин.
Не само тоа, Eric посочи на фактот дека оваа структура може да и даде предност на банката и да овозможи побрзо лансирање на производот во споредба со конкурентите.
Раст на цената на Биткоин, но Техничка Слабост
Во меѓувреме, цената на Биткоин забележа раст во текот на изминатата недела, што укажува на зголемен интерес од инвеститорите. Според CoinMarketCap, вредноста на BTC се качи од $71,740 до $73,700 во последните седум дена. Овој раст може да се препише на намалувањето на геополитичките тензии на Блискиот Исток.

Сепак, техничките индикатори сè уште остануваат во „црвена зона“. Investing.com датата покажува дека UO индикаторот моментално има вредност од 37. Иако технички ова крипто не е „препродадено“ (под 30), може да се види дека притисокот за продавање се зголемува.
Не само тоа, 14-дневниот RSI индикатор има вредност од 43. Тоа укажува дека притисокот за купување на Биткоин криптото е послаб од притисокот за продажба. Ова значи дека и покрај позитивниот тренд, BTC уште не покажува доволно силен моментум за стабилен нагорен пробив.
Нова Фаза на Биткоин?
Влегувањето на Goldman Sachs во Биткоин ETF просторот може да има огромно влијание врз целиот крипто пазар. На пример, овој потег им дава легитимитет на криптовалутите како инвестициска класа и може да отвори врата за нови финансиски производи поврзани со нив.
Кога станува збор за Биткоин, може да се види дека институционалниот интерест продолжува да расте иако техничките индикатори за ова крипто не се идеални. Но, фондот сеуште не е одобрен. Затоа оваа вест треба да се прати внимателно.









