Заради геоплоитичките тензии, цената на Биткоин повторно падна на $66,000. Ова целосно влијае на крипто пазарот повторно да влезе во „црвена зона“. Овој пад може да се препише на новиот говор на претседателот на САД, Доналд Трамп. Во него, Трамп кажа дека воените операции во Иран сеуште не се готови.
Пад на Цената на Биткоин и Причините
Биткоин криптото неодамна виде зголемена турбуленција кога станува збор за неговата вредност. Имено, CoinMarketCap покажува дека цената на Биткоин паднала од $68,000 до $66,000 во само 24 часа. Ова е само продолжување на долниот тренд кој го зафати ова крипто кое паднало скоро 5% во вредност измината недела.

Падот на цената на Биткоин доаѓа во време на растење на геополитичките тензии. Имено, Доналд Трамп најави дека ќе ги ескалира воените операции во Иран. Во ваквите ситуации, крипто пазарот реагира негативно бидејќи неизвесноста истотака расте.
Дополнителен притисок доаѓа од активностите на големите институционални играчи. Според Lookonchain, Riot Platforms неодамна продаде околу 500 BTC вредни околу $34 милиони. Истотака, CryptoQuant анализа покажува дека оние што имаат меѓу 1.000 и 10.000 BTC почнале да продаваат. Иако ваквите трансакции не значат директен sell-off на една криптовалута, тие често се гледаат како сигнал за претпазливост на пазарот.
Техничките Индикатори Исто во Продавачката Зона
Техничката анализа дополнително ја зајакнува негативната слика за Биткоин. Според датата од Investing.com, 14-дневниот RSI индикатор на Биткоин моментално покажува вредност од 36. Ова покажува дека цената на Биткоин е блиску до раст (ако RSI стигне до 30), меѓутоа моментумот е сеуште на страна на мечките.
Истотака, bull/bear power индикаторот покажува вредност од -1332 во последните 13 дена. Бидејќи е под 0, очигледно е дека крипто мечките сеуште се во контрола. Тие може да продолжат да ја буткаат цената на Биткоин надоле.
Несигурноста Сеуште Главна За Биткоин
И покрај моменталниот пад, некои аналитичари гледаат вакви ситуации како потенцијална можност. На пример, инфлуенсерот Crypto Tony направи објава на својот X профил каде што кажа дека цената на Биткоин може да порасне ако успее да се задржи над $65,800. Доколку успее, тој предвидува можен раст до $67,000 за оваа криптовалута.
Истотака, претседателот на компанијата BitMine, Tom Lee изјави дека криптовалутите како Биткоин се “воено злато”. Поради тоа, неговата компанија ја зголеми својата акумулација на криптовалути во минатите недели.
Историски гледано, Биткоин често се опоравува по вакви корекции. Ова е особено точно кога падовите се предизвикани од краткорочни вести како продажби од институционални играчи. Меѓутоа, ова е доказ дека Биткоин е осетлив на глобални случувања како ескалирање на воени акции. Додека техничките индикатори се црвени, следните денови ќе бидат клучни за тоа дали ова е само краткорочна реакција или почеток на голем пад.









