Откријте ја новата платформа на Solana, веќе поддржана од Mastercard и Western Union. Кликнете тука за сите детали кога станува збор за оваа платформа.
Solana сè повеќе се позиционира како клучен играч во глобалната финансиска сцена. Со најновата иницијатива која e Solana Developer Platform, Solana екосистемот привлекува џинови како што се Mastercard и Western Union. Оваа платформа е дизајнирана за разни институции и дозволува креирање на финансиски производи на Solana за недели наместо месеци.
Солана Креира Нова Платформа За Институции
Неодамна, Solana Foundation најави нова платформа за развивачи – Solana Developer Platform (SDP). Платформата е осмислена за да им помогне на фирмите по едноставно да создаваат различни финансиски продукти на блокчејн.
Платформата нуди централизирани алатки за блокчејн интеграции. Ова носи полесен институционален пристап до услуги како токенизација, плаќања и тргување. Платформата исто така нуди интеграции преку API. Со ова, сите алатки на SDP ќе помогнат за значително реновирање и редизајнирање на постојните блокчејн интеграции.
Трите Централни Модули За Функционирање На Системот
SDP платформата е изградена врз три главни модули. Првиот е модулот за издавање, кој овозможува креирање на токенизирани средства, вклучувајќи stablecoins. Вториот е модулот за плаќања, кој поддржува трансакции во фиат и криптовалути низ глобалните пазари.
Третата модула е тргување, која нуди напредни функции како девизна размена. Ова им овозможува на институциите флексибилност да креираат различни финансиски решенија како крипто на една унифицирана платформа.
Институционалното Усвојувење Се Забрзува
Големи финансиски компании веќе ја пробуваат платформата. Например, Mastercard се обидува да ja искористи SDP за своите stablecoin исплати. Исто така, се труди да ја комбинира брзината на блокчејн со својата глобална мрежа за плаќања.
Во исто време, Western Union планира да ги модернизира своите услуги за трансфер на пари. Тие ќе ја искористат платформата како дополнителен слој, наместо целосна замена на постојната инфраструктура. Се надеваат дека ова ќе донесе побрзи трансакции и поголема ефикасност.
Покрај нив и Worldpay покажува интерес за интеграција на блокчејн решенија. Ова дополнително го зацврстува трендот на институционално усвојување на SDP.
Екосистем Со Надградени AI И Инфрастуктурни Партнери
Едно за што платформата е исто така интересна е нејзината подршка за AI системите на OpenAI и Anthropic. Ова им помага на девелоперите да дизајнираат и автоматизираат процеси за блокчејн апликации со многу поголема ефикасност.
Уште поголема надградба за SDP екосистем е тоа што функционира со повеќе од 20 надградени инфраструктурни партнери. На пример, Coinbase, BitGo и Anchorage Digital гарантираат безбедна и заштитна дистрибуција на средства на SDP.
Solana Како Мост Кон Новата Финансиска Ера
Со оваа нова платформа, Solana се позиционира како клучен играч во светскиот финансиски систем. Не само тоа, Solana исто ја проширува својата улога во крипто пазарот.
Интеграцијата со Mastercard и Western Union исто покажува дека границата помеѓу традиционалните финансии и блокчејн технологијата сè повеќе се брише. Доколку овој тренд продолжи, Solana би можела да стане еден од главните столбови на идната дигитална економија.









