Крипто пазарот е повторно е под притсок откако Bitcoin падна под $70,000. Меѓутоа, некои инфлуенсери сеуште се оптимистични и предвидуваат повторно кревање на Bitcoin цената. Важно е да нагласиме дека техничките индикатори сеуште се негативни. Тоа може да допринесе до можно продолжување на овој моментален негативен бран за Bitcoin криптото.
Што Го Предизвика Падот?
Последниот пад на крипто пазарот и Bitcoin може да се поврзани со изјавата на претседателот на Федералните резерви, Jerome Powell. Во неговата изјава, тој соопшти дека намалување на каматните стапки можеби нема да се случи до крајот на 2026 година. Оваа изјава предизвика турбуленции на Wall Street, кои брзо се проширија и на крипто пазарот.
Каматните стапки играат клучна улога во движењето на крипто валутите. Кога тие се високи, луѓето имаат навика да се префрлат кон посигурни инвестиции, наместо кон ризични средства како крипто валути. Изјавите на Jerome Powell укажуваат дека овој притисок може да продолжи, што значи дека нестабилноста најверојатно ќе остане висока.
Движењето На Bitcoin Цената И Предвидување
Кога станува збор за Bitcoin, CoinMarketCap покажува дека е во фаза на паѓање. Според нивните информации, Bitcoin падна за околу 5% во последните 24 часа. Се снижи од $76.000, па дури и блиску до $74.000 претходно во неделата, а сегашните нивоа под $70.000.

Кога цената на една крипто валута паѓа под клучни граници како $70,000, тоа често предизвикува зголемена несигурност и панични продажби. Ова е особено точно кај помалку искусните учесници на крипто пазарот. Сепак, за поискусните инвеститори, ваквите падови не се ништо ново. Добро е да се има на ум дека Bitcoin поминал низ повеќе корекции од 20% или повеќе, пред повторно да продолжи со растечки тренд.
Така, инфлуенсерот Nehal останува оптимистички настроен кон Bitcoin. Во неговиот нов X пост, тој кажа дека оваа крипто валута се наоѓа точно на клучна растечка линија на трендот околу $69,000. Ова е нивото кое мора да го задржат биковите. Ако успеат, Bitcoin цената може да стигне дури до $75,000 според Nehal. Но, може и да продолжи да паѓа ако ова ниво не е задржано.
Техничките Индикатори Сеуште Црвени и Што Значат
Кога ја гледаме поголемата слика, може да се види дека Bitcoin е сеуште под контрола на крипто мечките. Според Investing.com, техничките индикатори покажуваат црвени сигнали за Bitcoin криптото.
Како пример, RSI сигналот во последните 14 дена е во црвена зона со вредност од 25. Да се има RSI под 30 е често знак на голем притисок за продавање на крипто валутата. Исто така, крипто мечките ја имаат моќта во последните 13 дена со вредност од -1875. Ова може да допринесе до продолжување на падот на Bitcoin цената.
Иако падот под $70.000 и овие технички индикатори може да изгледаат загрижувачки на прв поглед, важно е да се стави во контекст. Крипто пазарот по природа е нестабилен, а ваквите движења се дел од неговиот циклус.









