Cryptobanana Македонија
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт
No Result
View All Result
Cryptobanana Македонија
No Result
View All Result
Home Вести

Незапирливи: Strategy Вложи Уште Еден Билион во Биткоин, сега Држат 780,897 BTC

Stefan Jordanovski by Stefan Jordanovski
април 14, 2026
in Вести
1
74
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Strategy продолжува со својата агресивна Биткоин стратегија, откако објави нова инвестиција од околу $1 билион во оваа криптовалута. Имено, оваа компанија купила 13,927 BTC со што нивните резерви сега имаат вкупно 780,897 BTC. Истовремено, цената на Биткоин е во раст изминативе дена. Ова може да се препише на намалувањето на тензиите во Блискиот Исток. 

You might also like

Tron Доминира: Со 1 Билион Нови USDT и Рекордна Активност, TRX е на Прагот на Голем Скок

Ripple се Шири во Кореја преку Kbank – Дали XRP е Подготвен за Нов Скок?

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

Уште Една Голема Набавка за Strategy 

Неодамна, Мајкл Сејлор направи објава на својот X профил во кој што кажа дека Strategy направила набавка од 13,927 BTC. По просечна цена од околу $71,902 по крипто, Strategy вкупно дала $1 билион за оваа набавка. Овој потег уште еднаш потврдува дека Биткоин криптото не е споредна инвестиција за компанијата туку централна компонента на нејзината финансиска стратегија.

Strategy has acquired 13,927 BTC for ~$1.00 billion at ~$71,902 per bitcoin and has achieved BTC Yield of 5.6% YTD 2026. As of 4/12/2026, we hodl 780,897 $BTC acquired for ~$59.02 billion at ~$75,577 per bitcoin. $MSTR $STRC https://t.co/xVKjg2cEVP

— Michael Saylor (@saylor) April 13, 2026

Со оваа најнова набавка, Strategy сега има вкупно 780,897 BTC. Овие резерви се акумулирани за околу $59.02 билиони, со просечна цена од $75,577 по еден BTC. Ова ја прави компанијата еден од најголемите институционални сопственици на Биткоин во светот.

Сејлор исто така откри дека Strategy постигнала Биткоин принос од 5.6% од почетокот на 2026 година. Овој резултат дополнително ја зајакнува идејата дека нивниот модел функционира дури и во услови на нестабилност на крипто пазарот. 

Истовремен Раст на Цената на Биткоин 

Во меѓувреме, цената на Биткоин бележи раст во последните неколку дена. Ова ја зголемува вредноста на Strategy резервите и ја подобрува целокупната финансиска позиција. 

Според CoinMarketCap, цената на Биткоин пораснала од $68,800 до $74,500 во изминатите седум дена. Ова е раст од над 5% за само една недела. Причината за ова позитивно движење е двонеделниот прекин на нападите врз Иран најавен од Доналд Трамп. 

Позитивни Технички Индикатори за ова Крипто

Техничката анализа исто така оди во позитивна насока за Биткоин. Според Investing.com, индикаторите укажуваат на силен моментум и зголемен интерес од инвеститорите. На пример, 14-дневниот RSI индикатор има вредност од 72 што технички е во “прекупената” зона. Но, ова исто значи дека цената на Биткоин расте силно и брзо. Тоа укажува дека во последно време имало голем притисок за купување.

Исто така, MACD (12,26) индикаторот има вредност од 762 што е во зелената зона. Ова значи дека 12-дневниот EMA е над 26-дневниот EMA што укажува на нагорен моментум. Сите овие фактори сигнализираат дека Биткоин криптото може да продолжи со нагорниот тренд, барем на краток рок.

Нема Запирање за Strategy

Најновата инвестиција на Strategy покажува дека компанијата многу верува во Биткоин и гради иднина околу него. Додека цената расте и техничките индикатори се позитивни, нивната стратегија изгледа како да е оправдана. 

Исто така, Strategy станува симбол на институционалната доверба во криптовалутите со речиси 781,000 BTC во резерви. Ваквата акумулација на Биткоин криптото од страна на Strategy може да поттикне и други компании да го следат истиот пат. 

Како резултат на ова, цената на Биткоин би стигнала нов врв побрзо отколку што повеќето инвеститори очекувааат. 

Tags: bitcoinStrategyБиткоин
Share30Tweet19
Stefan Jordanovski

Stefan Jordanovski

Писател со страст за следење на најновите трендови во светот на блокчејн технологијата и крипто валутите како Bitcoin и Ethereum. Специјализиран за креирање информативна и аналитичка содржина, вклучувајќи вести, пазарни анализи и блогови за крипто проекти. Како фриленсер, работел со стартапи, крипто платформи и медиуми, помагајќи им да изградат силно онлајн присуство преку SEO оптимизирани текстови, едукативни водичи и содржина насочена кон кликови. Со фокус на вредност за читателите, успешно ги претвора комплексните теми во лесно разбирлива и привлечна содржина за широка публика.

Recommended For You

Tron Доминира: Со 1 Билион Нови USDT и Рекордна Активност, TRX е на Прагот на Голем Скок

by CryptoBanana MK Team
мај 1, 2026

Крипто пазарот повторно покажува знаци на живот, а Tron се издвојува како еден од најактивните екосистеми во моментот. Со цената на TRX која се движи околу $0.32 и...

Read moreDetails

Ripple се Шири во Кореја преку Kbank – Дали XRP е Подготвен за Нов Скок?

by Stefan Jordanovski
април 30, 2026

Крипто пазарот влегува во нова фаза на динамични промени, а XRP е во центарот. Иако XRP цената во последната недела паднa, последниве вести од Азија може да донесат...

Read moreDetails

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

by Stefan Jordanovski
април 29, 2026

Крипто пазарот повторно виде позитивно движење во последните неколку недели. Истовремено, цената на Биткоин е скоро 30% повисока од своето Февруарско дно од $60,000. Овој нагорен тренд многу...

Read moreDetails

Bitmine ја Премина Границата од 5 Милиони ETH со Најголемата Набавка од Декември

by Stefan Jordanovski
април 28, 2026

Bitmine направи уште еден историски чекор, ја надмина границата од 5 милиони ETH во своите резерви со последната набавка од 101,901 ETH. Оваа набавка е најголемата од Декември...

Read moreDetails

Ethereum Foundation Отклучи $48.9М ETH откако се Доближија до Целта од 70.000 ETH

by Stefan Jordanovski
април 27, 2026

Неодамна, Ethereum Foundation привлече внимание откако отклучи 17,035 ETH во вредност од околу $48.9 милиони. Интересно е што овој потег доаѓа само неколку дена откако фондацијата се доближи...

Read moreDetails
Next Post

Етерeум го достигна 10-неделниот врв, а бројот на "Китови" Продолжува да Расте

Please login to join discussion

Related News

Кралот е Сменет: Strategy го остави BlackRock зад Себе со Најголемата купувачка на Биткоин од 2024

април 22, 2026

Биткоин ETFs горат со $471 милиони во нови инвестиции – Дали следува нов врв?

април 7, 2026

Аналитичарите не престануваат: Зошто Етереум е на пат кон $250.000 според експертите од Fundstrat?

април 24, 2026

Browse by Category

  • Анализи
  • Вести
  • Криптопедиа
Cryptobanana Македонија

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија

  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

Контактирајте не

No Result
View All Result
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија