Cryptobanana Македонија
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт
No Result
View All Result
Cryptobanana Македонија
No Result
View All Result
Home Вести

Трамп со остра порака до Иран, Биткоинот веднаш ја проби границата од $69.000

Stefan Jordanovski by Stefan Jordanovski
април 6, 2026
in Вести
0
74
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Крипто пазарот реагираше на глобалните настани откако Доналд Трамп најави ултиматум на Иран. Имено, Биткоин цената успеа да ја пробие границата од $69,000 откако Трамп кажа дека ќе има воени напади врз Иран во вторник навечер ако не го отворат протокот кај Хормуз. Со техничките индикатори исто позитивни, оваа криптовалута можеби ќе продолжи да расте во вредност. 

You might also like

Tron Доминира: Со 1 Билион Нови USDT и Рекордна Активност, TRX е на Прагот на Голем Скок

Ripple се Шири во Кореја преку Kbank – Дали XRP е Подготвен за Нов Скок?

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

Биткоин Цената над $69,000 по Изјавата на Трамп

Неодамна, Доналд Трамп изјави дека Иран има до вторник навечер да го отвори протокот кај Хормуз или ќе следуваат воени напади. Оваа геополитичка тензија веднаш се одрази врз движењето на Биткоин криптото, кој често се смета за „сигурно засолниште“ во време на глобална нестабилност.

Во текот на понеделникот, CoinMarketCap покажува дека Биткоин цената успеа да ја пробие психолошката граница од $69,000 за првпат од почетокот на Април. Криптовалутата забележа раст од околу 5% во минатата недела и се движеше од $67,000 до $69,000. Во еден момент, цената успеала да стигне и до $69,900. 

По краток период на корекција, цената се стабилизираше околу $69,000, што укажува на силна поддршка на новото ниво. Овој пробив се смета за важен сигнал дека крипто пазарот повторно добива на сила.

Следни Цели: $72,000 за Оваа Криптовалута 

Доколку Биткоин успее да се задржи над повторно освоеното ниво од $69,000, инфлуенсерите предвидуваат голем раст за цената. На пример, Crypto Tony направи објава на својот X профил кој ги возбуди трејдерите. Имено, тој очекува следниот отпор да се движи во зоната помеѓу $70,000 и $72,000. 

$BTC / $USD – Update

Currently at resistance. If you followed me yesterday i called the long up, while many kept screaming DUMP DUMP. We know the best plays. I am out of my long now.

Waiting for a flip here to reclaim or a short upon rejection. pic.twitter.com/aNAMEXfZoA

— Crypto Tony (@CryptoTony__) April 6, 2026

Ова ниво е особено важно, бидејќи претставува психолошка и техничка бариера. Ако Биткоин цената успее да ја пробие оваа бариера, може да се отвори простор за нов бран на раст пак. 

Позитивни Технички Индикатори

Техничката анализа дополнително го поддржува ова предвидување за можен раст на Биткоин цената. Имено, Investing.com индикаторите за BTC сигнализираат засилен моментум и зголемен интерес од инвеститорите.

На пример, MACD (12,26) индикаторот моментално има вредност од 557 за оваа криптовалута. Голем позитивен број како овој генерално укажува на силен нагорен тренд. Да појасниме, подвижниот просек од 12-дневниот период е далеку над подвижниот просек од 26-дневниот период, што укажува на биковски тренд за Биткоин криптото. 

Не само тоа, 14-дневниот CCI индикатор истотака е во позитивната зона со вредност од 144. Бидејќи овој индикатор се пробил над +100, нов силен тренд на пораст можеби се спрема за Биткоин цената. 

Криптото Реагира на Глобалните Случувања

Овие настани покажуваат дека Биткоин не е изолиран од светските настани и дека неговата цена е зависна од нив. Важно е да напоменеме дека во еден момент, Биткоин цената дури падна до $66,000 одкако Трамп кажа дека нападите врз Иран ќе продолжат. 

Пробивот над $69,000, заедно со позитивните технички сигнали, сугерира дека Биткоин цената може да се подготвува за ново растење. Ако овој моментум продолжи, следните денови би можеле да бидат клучни за насоката на целиот крипто пазар.

Tags: БиткоинДоналдТрампИран
Share30Tweet19
Stefan Jordanovski

Stefan Jordanovski

Писател со страст за следење на најновите трендови во светот на блокчејн технологијата и крипто валутите како Bitcoin и Ethereum. Специјализиран за креирање информативна и аналитичка содржина, вклучувајќи вести, пазарни анализи и блогови за крипто проекти. Како фриленсер, работел со стартапи, крипто платформи и медиуми, помагајќи им да изградат силно онлајн присуство преку SEO оптимизирани текстови, едукативни водичи и содржина насочена кон кликови. Со фокус на вредност за читателите, успешно ги претвора комплексните теми во лесно разбирлива и привлечна содржина за широка публика.

Recommended For You

Tron Доминира: Со 1 Билион Нови USDT и Рекордна Активност, TRX е на Прагот на Голем Скок

by CryptoBanana MK Team
мај 1, 2026

Крипто пазарот повторно покажува знаци на живот, а Tron се издвојува како еден од најактивните екосистеми во моментот. Со цената на TRX која се движи околу $0.32 и...

Read moreDetails

Ripple се Шири во Кореја преку Kbank – Дали XRP е Подготвен за Нов Скок?

by Stefan Jordanovski
април 30, 2026

Крипто пазарот влегува во нова фаза на динамични промени, а XRP е во центарот. Иако XRP цената во последната недела паднa, последниве вести од Азија може да донесат...

Read moreDetails

Цената на Биткоин не Расте Сама: Hougan од Bitwise откри дека Strategy Стои зад Се

by Stefan Jordanovski
април 29, 2026

Крипто пазарот повторно виде позитивно движење во последните неколку недели. Истовремено, цената на Биткоин е скоро 30% повисока од своето Февруарско дно од $60,000. Овој нагорен тренд многу...

Read moreDetails

Bitmine ја Премина Границата од 5 Милиони ETH со Најголемата Набавка од Декември

by Stefan Jordanovski
април 28, 2026

Bitmine направи уште еден историски чекор, ја надмина границата од 5 милиони ETH во своите резерви со последната набавка од 101,901 ETH. Оваа набавка е најголемата од Декември...

Read moreDetails

Ethereum Foundation Отклучи $48.9М ETH откако се Доближија до Целта од 70.000 ETH

by Stefan Jordanovski
април 27, 2026

Неодамна, Ethereum Foundation привлече внимание откако отклучи 17,035 ETH во вредност од околу $48.9 милиони. Интересно е што овој потег доаѓа само неколку дена откако фондацијата се доближи...

Read moreDetails
Next Post

Што крие новиот STRIDE на Солана? Промената која може да ја крене цената до небо

Related News

Ripple Рамо до Рамо со Bitcoin: CME Group Ги Изненади Сите Со Новиот Поднесок До SEC

април 6, 2026

Пресврт на Пазарот: Трамп ги запре нападите, Биткоинот веднаш експлодираше над $72,000

април 8, 2026

Tom Lee верува во Етереум: Bitmine купи 101,627 ETH – Најголемата набавка за 2026 година

април 21, 2026

Browse by Category

  • Анализи
  • Вести
  • Криптопедиа
Cryptobanana Македонија

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија

  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

Контактирајте не

No Result
View All Result
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија