Cryptobanana Македонија
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт
No Result
View All Result
Cryptobanana Македонија
No Result
View All Result
Home Криптопедиа

Како да купам Биткоин од Македонија?

Stefan Jordanovski by Stefan Jordanovski
април 6, 2026
in Криптопедиа
0
74
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

По почетокот на воениот конфликт во Иран, многу луѓе почнуваат да го гледаат крипто пазарот како воено злато. Еден од нив е дури и Том Ли, претседател на Bitmine кој ја зголеми акумулацијата на криптовалути на својата компанија. Истотака, крипто усвојувањето на Балканот во 2026 бележи напредок. Кога станува збор за Македонија, може да се рече само дека растот на интересот за Биткоин оди побрзо од кога било. 

You might also like

No Content Available

Се повеќе инвеститори се интересираат за овој пазар и прашуваат: како да купам Биткоин од Македонија? Но тука е проблемот. Кај нас нема многу локални крипто менувачници за разлика од западните земји. Истотака, нема Биткоин банкомати на секој агол, а информациите околу овој маркет на македонски јазик често се застарени или неточни. Поради ова, многу луѓе се откажуваат од влегување во овој пазар дури и пред да почнат. 

Ако сте се соочиле со овие проблеми, овој водич е за вас. Без комплицирани зборови, тука ќе најдете јасно објаснети начини за купување криптовалути од Македонија во 2026. Преку овој водич ќе ви покажеме кои платформи функционираат, како да користите македонска картичка, што е P2P тргување и како да го направите целиот процес безбеден.

Без разлика од тоа дали сте комплетен почетник или веќе имате некое познавање околу крипто пазарот, овој водич ќе ви овозможи да стигнете до Биткоин од Македонија. Но, имајте на ум дека ова не е финасиски совет и дека вие одговарате за вашите одлуки. 

Што е Биткоин и зошто да инвестирате?

Прво, да објасниме што е Биткоин и зошто би инвестирале во него. Биткоин е дигитална валута која постои само на интернет и не е под контрола од ниедна банка. Ова им овозможува на корисниците да вршат директни трансакции преку интернет и децентрализирано. 

Овие трансакции се евидентираат во безбедна, јавна книга наречена блокчејн. Најлесно објаснето: замислете пари што ги праќате директно на некого, исто како порака, без никој да ја контролира трансакцијата. Дополнително, постои ограничена понуда на оваа криптовалута. Имено, максимум 21 милион Биткоини ќе постојат. Токму оваа реткост ја зголемува барачката за ова крипто. 

Кога станува збор за причините зошто би инвестирале во Биткоин, постојат многу. Многумина го гледаат Биткоинот како заштита од инфлација бидејќи ќе постојат само 21 милиони Биткоини. Ова спречува прекумерно “печатење” и губење на вредноста, за разлика од фиат валутите како долари. 

Не само тоа, лесно е достапен за секого со пристап до интернет. Плус нуди брзи, 24/7 трансакции околу светот кои често се поефикасни од традиционалното банкарство.

БиткоинБанкаЗлато
Вие ја имате контролата. Банката ја има контролата. Вие ја имате контролата. 
Достапен 24/7. Ограничено достапен.Ограничено достапен. 
Ограничена инфлација (21M).Висока инфлација.Ниска инфлација. 
Брзи трансакции. Бавни трансакции. Тешки трансакции според реткоста на златото. 

Иако Биткоин има многу потенцијал, важно е да се има предвид дека крипто пазарот е многу нестабилен. Цената може да се зголеми, но исто така и да опадне во секунди. Затоа имајте го на ум ова златно правило: Не вложувате пари кои не можете да си дозволите да ги изгубите.

Дали е легално купување Биткоин во Македонија?

Во Македонија е тешко да се одговори на ова прашање и одговорот не е едноставен. Македонија е во т.н. “сива зона” бидејќи не постојат конкретни закони во однос на криптовалути. 

Народна банка на Република Северна Македонија (НБРМ) има официјален став дека криптовалутите не се законско средство за плаќање и често ги предупредува граѓаните за ризиците. Ова може да се види и на нивната FAQ страница. Од друга страна пак, треба да се напомене дека поседувањето, а и тргувањето со нив е легално според НБРМ иако не е регулирано. 

Кога ќе ја погледнеме големата слика, многу Македонци веќе активно купуваат, продаваат и инвестираат во криптовалути но преку странски платформи. Се уште не постои практичен пример во Македонија за човек да биде санкциониран поради купување на Биткоин. Има стар закон за девизно работење во однос на отворање на сметки во странство, но тој не се однесува директно на крипто. 

Важно е да се спомне данокот од правен аспект. Ова значи дека ако имате профит од трговија со криптовалути, тој се квалификува како капитална добивка. Поради тоа, тој подлежи на оданочување од околу 15%. Оваа добивка се пријавува во Управа за јавни приходи (УЈП). За подетално објаснување околу ова, погледнете го овој водич: „Данок на криптовалути во Македонија“.

Што ви треба пред да купите Биткоин

Пред да ги набавите првите криптовалути како Биткоин, потребно е да ги подготвите основните работи. Добрата подготовка ќе ви заштеди време и ќе го направи процесот многу полесен. 

  • Смарт телефон или компјутер
  • Еmail (потребен е за креирање на профил)
  • Личен документ како лична карта или пасош
  • Дебитна/кредитна картичка (Visa или Mastercard) издадена од банка во Македонија
  • Крипто паричник 

Крипто паричник (Wallet) 

Доколку се прашувате што е крипто паричник, тоа е апликација или уред каде што ги чувате вашиот приватен клуч (вашата лозинка за потпишување трансакции) и јавен клуч (како број на сметка за примање средства). Со помош на овој паричник, ќе можете безбедно да управувате со Биткоин на блокчејн. Kрипто паричниците се делат на онлајн (hot wallets) и офлајн (cold wallets). 

Онлајн паричниците се апликации лесни за користење, достапни преку мобилен или компјутер. Некои од најпопуларните онлајн паричници се MetaMask, Trust Wallet и Exodus. Од друга страна, офлајн паричниците се физички уреди и се најбезбедни за поголеми суми. Еден од најголемите офлајн паричници е Ledger. 

За почетници, најдобар избор се Trust Wallet или Exodus, бидејќи се многу лесни за користење и со добар дизајн. Ако планирате да чувате поголема вредност, размислете за офлајн паричник како Ledger.

Лични документи за KYC Верификација

За да почнете да користите крипто берза како Binance, ќе мора да направите KYC верификација. Овој процес е едноставен и трае од 5 до 15 минути. Прво што ќе треба да направите е да ја сликнете својата лична карта или пасош. 

Потоа, Binance ќе ви побара биометриско скенирање. Ова ќе го направите со правење селфи и следење на упатствата (на пр. вртење на главата). Ова е задолжително за безбедност и за да можете да купувате крипто.

Начини за купување Биткоин од Македонија

Кога станува збор за купување криптовалути Македонија, постојат неколку практични методи што функционираат и во 2026 година. Иако кај нас не постои локална крипто берза, се уште постои пристап до неколку глобални берзи и алтернативи.

Преку крипто берза (Binance, Kraken, OKX)

Наједноставен и најбезбедниот начин за купување Bitcoin е преку меѓународни платформи како што се Binance, Kraken и OKX. Овие платформи нудат услуги за клиенти од Македонија и имаат различни опции за внесување средства. 

Кога станува збор за Binance, таа нуди висока безбедност но бара KYC верификација. Додека пак, Kraken нуди голем избор на криптовалути но интерфејсот може да биде сложен за почетници. OKX пак нуди ниски провизии но понекогаш Македонските картичките се одбиваат. Да погледнеме подетално:

БерзаПоддршка за МК картичкиДепозит такса Тргувачка таксаМакедонски јазикПријателски настроени за почетници
BinanceДа (Visa/Mastercard)2%0.1%НеДа
KrakenДа (Visa/Mastercard)$0.25 + 3.75% такса1%НеНе
OKXДа (Visa/Mastercard)1.99%0.1%НеДа

Заклучок: Binance е најдобар избор за почетници поради лесниот интерфејс и големата ликвидност.

P2P Тргување (Лице в Лице или Онлајн)

P2P (peer-to-peer) тргување значи дека купувате крипто директно од друго лице и без посредник. Најпопуларна опција е Binance P2P каде можете да купите и продавате криптовалути онлајн директно едни со други користејќи локални фиат валути. На овој пазар може да најдете продавачи кои прифаќаат картички од банки како Комерцијална, Стопанска и Халкбанк.

Процесот на Binance P2P е првин да најдете продавач. Кога ќе го најдете, ќе го нарачате криптото. Потоа Binance ги „заклучува“ средствата (escrow) па му плаќате директно на продавачот преку договорениот метод на плаќање. Откако продавачот ќе ја потврди уплатата, Binance ја ослободува вашата криптовалута. 

Ако сте заинтересирани за зделки лице в лице, во Македонија постојат и Telegram групи (пр. “Bitcoin Macedonia Group“). Преку овие групи, луѓето се запознаваат и купуваат или продаваат криптовалути директно. Но тука ризикот е најголем бидејќи нема гаранција и чести се измами. Ако се решите да купите Биткоин преку Telegram крипто група секогаш договарајте средба на јавно место и никогаш не праќајте пари однапред.

Купување со македонска дебитна/кредитна картичка

Еден од најлесните и најбрзи начини да купите Биткоин во Македонија е директно со дебитна или кредитна картичка. Овој метод е особено добар за почетници, бидејќи не бара дополнителни чекори како P2P договарања.

Повеќе глобални платформи го поддржуваат овој начин на купување, меѓу кои најпопуларни се Binance, Crypto.com и MoonPay. Сите овие сервиси овозможуваат директно купување криптовалути со Visa или Mastercard картички издадени во Македонија.

Меѓутоа не важи тоа за сите. Некои Македонски банки ги блокираат крипто трансакциите и плаќањето може да биде одбиено. Во најчести случаи плаќањето останува „pending“ кога е одбиено. Ако вашата картичка не поминува, не паничете бидејќи искуството покажува дека картички од Стопанска банка и NLB банка имаат поголема стапка на успешни крипто трансакции.

Доколку првите обиди не се успешни, пробајте и со некоја друга банка или пак P2P. 

Чекор по чекор: Купување Биткоин на Binance

Ако сакате практично да научите како да купите Биткоин во Македонија, најлесниот начин е преку Binance. Повеќето корисници од Македонија ја користат мобилната апликација, но истиот процес важи и на веб верзијата.

  1. Преземете ја Binance апликацијата

Прво што треба да направите е да ја симнете Binance апликацијата од Google Play или App Store. Доколку не сакате да ја симнете, можете слободно да ја користите веб страната.

Екран за симнување на апликацијата на Binance

  1. Креирајте акаунт

За да креирате акаунт, отидете на веб страната на Binance i кликнете на “Sign Up” копчето кое е жолто во десниот агол. Потоа, внесете го својот email или својот телефонски број. После овој чекор, ќе ви стигне код за верификација кој исто ќе треба да го внесете. Потоа, ќе треба да изберете лозинка (користете силна лозинка со букви, бројки и симболи).

Екран за креирање на акаунт на Binance

  1. Завршете KYC верификација

За да купувате крипто, мора да го потврдите идентитетот. Ова ќе го направите со KYC верификација. Ќе треба да внесете слика од личен документ како лична карта и пасош. Потоа, ќе биде побарано селфи како “face verification”. 

  1. Додадете начин на плаќање

Веднаш кога сте завршиле со овие чекори време е да додадете начини за плаќање. Ова може да се направи ако отидете на “Payment Methods”. Потоа, додадете Visa или Mastercard картичка и потврдете ја картичката.

  1. Купете Биткоин преку “Buy Crypto”

Дојде време и да купите Биткоин. За ова, кликнете на копчето “Buy Crypto”. Од листата на криптовалути, најдете го Биткоин и селектирајте го. Сега, треба да внесете износ. Кога ќе се одлучите за износ кој ви одговара, изберете картичка и потврдете. По неколку секунди, Биткоин ќе се појави во вашиот акаунт. 

  1. Префрлете во крипто паричник (препорачано)

Иако можете да го чувате Биткоин на Binance, за поголема безбедност се препорачува да го префрлите во својот онлајн паричник. Ако ги следевте нашите совети, веќе би требало да имате Trust Wallet ili Exodus. 

За да го направите ова отворете го вашиот паричник и копирајте ја адресата за депозит на Биткоин. Потоа отидете на Binance Wallet, Overview и потоа Withdraw. Изберете Биткоин како средство, внесете ја адресата на примачкиот паричник и внесете го износот.
 

Како да го чувате Биткоинот безбедно

Кога ќе го купите Биткоинот, имајте на ум дека безбедноста е најважна. Како што веќе спонавме, ако имате во план да купите голем број на Биткоин или други криптовалути, важно е да се чува во офлајн крипто паричник. Доколку сте почетник и сакате да почнете со мал износ, онлајн крипто паричниците се сосема доволни. 

Бидејќи веќе спомнавме крипто паричници, време е и да зборуваме за “seed phrase”. Ова е низа од случајни зборови што ги складира податоците потребни за пристап на криптовалути. Тие се генерираат од крипто паричници и се клучни за безбедноста на нивните содржини. Затоа, “seed phrase” треба да се чува офлајн (запише на лист) и да не се дели. Ако се сподели, може да дојде до крадење на Биткоинот од крипто паричникот. 

Истотака, се препорачува да користите 2FA (двостепена заштита). Ова е безбедносен систем кој бара две различни форми на идентификација за пристап до акаунт. Двата фактори вклучени во 2FA процесот се фактор на знаење, како што се лозинка или ПИН и фактор на поседување, што може да биде телефон. 

Провизии и трошоци при купување

Кога учите како да купите Биткоин во Македонија, важно е да ги разберете и трошоците поврзани со купувањето. Иако на прв поглед изгледа едноставно, различните методи имаат различни провизии кои можат да влијаат на вашата конечна добивка.

Кај Биткоин, најчестите трошоци се: депозит таксата (при внесување средства), тргувачката такса (при купување/продавање) и такса при повлекување (при повлекување во паричникот). Овие трошоци зависат од платформата и методот што го користите.

Метод Депозит ТаксаТргувачка ТаксаТакса При ПовлекувањеБрзина
Binance2% 0.1%0.0005Инстант
Kraken$0.25 + 3.75% такса1% 0.000015Инстант
P2P (Binance)0%0-1%0%5-15 Минути
Банки0.1%0.1%0.1-1%1-3 Дена

Ако сте нови, не се оптоварувајте премногу со провизиите. Подобро е да платите малку повеќе, но да користите сигурен и едноставен метод како Binance. Подоцна, кога ќе стекнете искуство, можете да преминете на поевтини опции како P2P.

Данок на криптовалути во Македонија

Важно е да се сфати и даночниот аспект кога ќе инвестирате во Bitcoin и други криптовалути. Постојат јасни насоки за тоа како се оданочува профитот иако регулативата во Македонија сè уште не е целосно дефинирана. 

Важно е да знаете дека добивката од криптовалути се третира како капитална добивка. Тоа значи дека данок плаќате само кога ќе го продадете криптото и ќе остварите профит (на пример, купувате по пониска цена, а продавате по повисока). Даночната стапка за крипто во моментот е 15%. 

За да го пријавите овој данок, мора да ја посетите УЈП. Затоа треба да ја евидентирате и чувате цела ваша историја на купување и продажба на криптото. Ова е важно за да можете точно да ја пресметате разликата или профитот. Истотака, важно е да знаете дека само вие и никој друг имате законска обврска да одредите и пријавите добивка.

Најчести грешки кај почетниците

Многу е лесно да направите грешки во крипто пазарот посебно ако сте почетник. Добрата вест е дека повеќето од нив можат да се избегнат ако знаете на што да внимавате. На пример, знајте дека крипто трансакциите се неповратни. Тоа значи дека ако испратите средства на погрешна крипто паричник адреса, тие засекогаш се изгубени. Затоа, секогаш копирајте ја точната адресата и проверете ја 2-3 пати пред да испратите Биткоин.

Како што спомнавме, вашиот акаунт ќе биде многу поранлив доколку не активирате 2FA сигурност на Binance или некоја друга платформа. Ова може да донесе до непожелни луѓе да добијат пристап до вашиот акаунт и да го злоупотребат. 

Истотака, многу почетници паѓаат на „брзи профити“ или лажни инвестициски групи на Telegram. Овие групи лесно се препопзнаваат бидејќи имаат наслови како „Испрати 100€, ќе добиеш 200€“. Знајте дека никогаш не треба да праќате пари на вакви групи. 

И на крај, имајте на ум дека крипто пазарот е многу нестабилен. Како што цената на Биткоин може да се искачи до $100,000, може и да падне до $60,000 во минути. Затоа, инвестирајте само пари што можете да си дозволите да ги изгубите.

Често поставувани прашања (FAQ)

  1. Колку пари ми требаат за да купам Биткоин?

Можете да купите Биткоин за само 10 до 20 евра на многу платформи, бидејќи не треба да купите цел Биткоин. Toj е делив, што ви овозможува да купувате мали делови.

  1.  Дали можам да купам Биткоин со денари?

Да, но индиректно. Знајте дека при P2P тргување преку Binance или пак, директно плаќање со картичка, денарите автоматски се сменуваат во евра.

  1. Дали можам да купам дел од Биткоин?

Да, Биткоин се дели до 8 децимали. Тоа значи дека можете да купите многу мал дел познат како сатоши.

  1. Која менувачница е најдобра за Македонија?

Според нас, најдобра менувачница е Binance, поради ниските провизии и лесниот интерфејс. Алтернативи се Kraken и OKX. 

  1. Дали треба да платам данок на крипто во Македонија?

Да, се плаќа данок на капитална добивка (околу 15%) ако остварите профит. Тој се пријавува во Управа за јавни приходи.

  1. Што ако ми ја одбие картичката на Binance?

Ова е чест случај. Пробајте со друга картичка (пр. од Стопанска или NLB) или користете P2P како алтернатива на Binance.

  1. Дали е безбедно да чувам Биткоин на Binance?

Да, Binance има високо ниво на безбедност. Сепак, за поголеми суми се препорачува користење офлајн крипто паричник за целосна контрола.

  1. Како да го продадам Биткоинот и да добијам денари?

Можете да го продадете преку P2P на Binance и да добиете пари на банкарска сметка. Како опција за повлекување можете да користите и картичка или други платформи за повлекување.

Заклучок

Купувањето Биткоин во Македонија во 2026 е многу полесно отколку што изгледа. Иако нема локална берза, имаме пристап до глобални платформи како Binance, P2P тргување и директно купување со картичка. Истотака, не мора да инвестирате големи суми. Можете да започнете и со 1,000 денари и постепено да учите како функционира крипто пазарот.

Со овој водич дознавте како да купите Биткоин во Македонија. Но, ако сакате да научите други аспекти од пазарот како што е “Што е DeFi” или пак “Како да продадам крипто”, кликнете на овие водичи. 

Следете нè за повеќе совети, стратегии и новости што ќе ви помогнат да донесувате попаметни одлуки. Но, запомнете дека ова не е финансиски совет и дека вие сте одговорни за своите постапки. 

Ажурирано: април 2026

Tags: БиткоинМакедонија
Share30Tweet19
Stefan Jordanovski

Stefan Jordanovski

Писател со страст за следење на најновите трендови во светот на блокчејн технологијата и крипто валутите како Bitcoin и Ethereum. Специјализиран за креирање информативна и аналитичка содржина, вклучувајќи вести, пазарни анализи и блогови за крипто проекти. Како фриленсер, работел со стартапи, крипто платформи и медиуми, помагајќи им да изградат силно онлајн присуство преку SEO оптимизирани текстови, едукативни водичи и содржина насочена кон кликови. Со фокус на вредност за читателите, успешно ги претвора комплексните теми во лесно разбирлива и привлечна содржина за широка публика.

Recommended For You

No Content Available
Next Post

Што Крие Новиот Извештај На Riot Platforms? Продажбата На 3,778 BTC Ги Изненади Сите

Related News

Ripple И Convera Ги Здружија Силите За Побрзо Прекугранично Плаќање Со Стејблкоини

април 6, 2026

XRP Може Да Види Скок Откако FUD Се Качи На Третото Највисоко Ниво Во Последните 2 Години

април 13, 2026

Нов Личен Рекорд: BlackRock сега поседуваат 806.700 Биткоини вредни $63.7 Билиони

април 24, 2026

Browse by Category

  • Анализи
  • Вести
  • Криптопедиа
Cryptobanana Македонија

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија

  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

Контактирајте не

No Result
View All Result
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија