Како што сите знаеме, движењето на големите институционални играчи може да направи лавина од реакции во крипто пазарот. Поради тоа, најновиот извештај на Riot Platforms привлече огромно внимание. Компанијата откри дека во првиот квартал од 2026 година продала дури 3,778 Биткоин криптовалути. Ова е потег кој многумина не го очекуваа.
Продажба Вредна Речиси 289 Милиони Долари
Неодамна, рударската платформа Riot Platforms се најде во центарот на вниманието со нивниот нов извештај за првиот квартал од 2026. Во овој извештај, тие објавија дека продале 3,778 BTC во овој период. Riot Platforms истотака кажаа дека добиле $289.5 милиони од оваа продажба. Ова не е мала одлука, особено ако се земе предвид дека компанијата традиционално беше позната по задржување на ископаните Биткоини.

По оваа трансакција, вкупните резерви на Riot се намалиле на 15,680 BTC до крајот на март. Овој пад во залихите сигнализира промена во стратегијата. Тие сега повеќе се фокусираат на ликвидност отколку на акумулација на оваа криптовалута.
Можеме да посочиме на многу причини кои стојат позади оваа одлука. На пример, новите трошоци за електрична енергија ги намалија профитите на рударските операции. Исто така, потребата за нова и подобра опрема носи нов вид на трошок. Под такви услови, логичен одговор е продажбата на Биткоин криптото.
Пад На Цената На Биткоин, Но Позитивни Сигнали
Истовремено, цената на Биткоин падна и уште повеќе ги зголеми притисоците на рударските компании. Според CoinMarketCap, BTC падна од $67,000 до $66,900 во минатата недела. Овој пад може да се препише на неодамнешниот говор на Доналд Трамп кој кажа дека војната во Иран ќе продолжи. После ова, целиот крипто пазар отиде во црвено.

Меѓутоа, техничките индикатори се сеуште позитивни за Биткоин криптото. Investing.com датата покажува дека 13-дневниот bull/bear power индикаторот моментално има вредност од 305 што е во позитивната зона. Ова покажува дека крипто биковите се во контрола.
Не само тоа, CCI индикаторот е истотака позитивен со вредност од 51 во последните 14 дена. Тоа покажува дека цената на Биткоин моментално има позитивен моментум кој може да донесе раст повторно.
Краткорочен Притисок и Долгорочна Визија
Најновиот извештај на Riot Platforms открива важен тренд во индустријата: дури и најголемите играчи мора да сменат стратегија. Riot кажа дека ова е стратешки потег, а не откажување од Биткоин и дека продажбата на 3,778 BTC е паметен одговор на пазарните услови. Компанијата ќе продолжи да инвестира во проширување на дата центри и долгорочен раст на инсфраструктурата на оваа рударска операција.
Кога станува збор за цената на Биткоин, позитивните технички индикатори и континуираните инвестиции во инфраструктура сугерираат дека неодамнешниот пад може да биде само привремена фаза. Затоа, внимателно треба да се следат движењата на големите играчи бидејќи токму таму често се крие следниот голем тренд во крипто пазарот.









