Cryptobanana Македонија
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт
No Result
View All Result
Cryptobanana Македонија
No Result
View All Result
Home Анализи

Жестока Борба На Пазарот: Ethereum Најде Отпор На $2,200 А Техничките Индикатори Се Позитивни

CryptoBanana MK Team by CryptoBanana MK Team
март 30, 2026
in Анализи
0
74
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

Крипто пазарот повторно влегува во фаза на зголемена неизвесност, откако Ethereum се соочи со силен отпор околу нивото од $2,200. И покрај позитивните сигнали од техничките индикатори, цената засега не успева да направи убедлив пробив. Ова ја засилува борбата меѓу купувачите и продавачите. Меѓутоа, некои крипто инфлуенсери остануваат позитивни за ETH, правејќи значајни предвидувања за потенцијалниот раст на цената. 

You might also like

Еуфорија за Биткоин откако го Помина Нивото од $80,000 Прв Пат од Јануари

XRP Се Соочи со еден од Најголемите Одливи, но Историјата вели Можен Раст на Цената Наскоро

Nate Geraci Посочи: Биткоин ETFs “Газат“ – 10 од последните 11 дена Завршуваат во Огромен Плус

Клучното Ниво Од $2,200

Ethereum цената е доста непредвидлива во минатите недели. Според дата од CoinMarketCap, ETH падна од $2,300 до $2,160 во последните 7 дена. Иако ова е пад од преку 5%, мора да се напомене дека Ethereum цената пораснала скоро 10% од предходниот месец. 

Во последните 24 часа, ETH успеа да стигне до $2,180 но не го проби клучното ниво од $2,200. Ова покажува дека продавачите сè уште имаат силно присуство на ова ниво. Меѓутоа, крипто инфлуенсерот Don останува оптимистичен за Ethereum криптото. 

Според неговиот X пост, Ethereum моментално гледа форма на растечки триаголник. Тој додаде дека цената на Ethereum може да се искачи до $9,176 ако купувачите превземат контрола и го пробијат $2,200 нивото. 

Техничките Индикатори Даваат Надеж

И покрај отпорот, техничката слика не е целосно негативна. Напротив, повеќе индикатори укажуваат на потенцијален раст. На пример, Investing.com покажува дека MACD индикаторот е во зелената зона. Ова значи дека моментумот постепено се префрла на страната на купувачите. Има вредност од 15.31 во последните 12-дена што е поголемо од 25-дневниот период. 

Исто така, Bull/Bear Power индикаторот исто така покажува позитивна вредност од 17.77 што покажува дека крипто биковите се во контрола. Овие сигнали често се појавуваат пред поголеми пробиви, но не гарантираат дека тие ќе се случат веднаш.

Што Значи Ова За Краткорочниот Тренд?

Во краток рок, Ethereum цената најверојатно ќе продолжи да се движи во тесен опсег под отпорот од $2,200. Доколку цената успее да го пробие ова ниво со силен волумен, тоа би можело да отвори пат кон повисоки цели (на пример целта на Don). 

Од другата страна пак, можно е враќање кон пониски нивоа на поддршка доколку повторно дојде до одбивање. Важно е да се каже дека купувачите повторно ќе се обидат да ја стабилизираат цената иако падне. Како и да е, кога Ethereum ќе почне да се движи пак, моменталната ситуација покажува дека ова движење ќе биде силно и брзо.

Подготовка За Голем Потег

Иако Ethereum моментално се соочува со отпор, позитивните технички индикатори укажуваат дека пазарот не ја изгубил својата сила. Напротив, можно е ова да е фаза на акумулација пред следното растење на оваа криптовалута.

За инвеститорите, ова е период на внимателно следење на клучните нивоа. Пробив над $2,200 може да означи почеток на ново движење нагоре додека неуспехот да се задржи моментумот може да донесе ново паѓање.

Tags: ethereum
Share30Tweet19
CryptoBanana MK Team

CryptoBanana MK Team

Recommended For You

Еуфорија за Биткоин откако го Помина Нивото од $80,000 Прв Пат од Јануари

by CryptoBanana MK Team
мај 4, 2026

Биткоин цената успеа да го достигне нивото од $80,000 првпат од крајот на Јануари 2026 година. Овој пробив може да се види како силен нагорен моментум и враќање...

Read moreDetails

XRP Се Соочи со еден од Најголемите Одливи, но Историјата вели Можен Раст на Цената Наскоро

by CryptoBanana MK Team
април 27, 2026

XRP забележа еден од најголемите дневни одливи во 2026 година, со околу 34.94М XRP што излегле од берзите во период од 24 часа. Според податоците од Santiment, ова...

Read moreDetails

Nate Geraci Посочи: Биткоин ETFs “Газат“ – 10 од последните 11 дена Завршуваат во Огромен Плус

by CryptoBanana MK Team
април 24, 2026

Spot ETFs поврзани со Биткоин направија силен пресврт во 2026 година, преминувајќи во позитивна територија. Според податоците анализирани од Nate Geraci, овие фондови забележале големи приливи 10 од...

Read moreDetails

Аналитичарите не престануваат: Зошто Етереум е на пат кон $250.000 според експертите од Fundstrat?

by CryptoBanana MK Team
април 24, 2026

Познатиот аналитичар Tom Lee од Fundstrat Global Advisors неодамна обрна внимание на една смела прогноза за Етереум цената. Тој посочи на извештајот на Etherealize кој вели дека вредноста...

Read moreDetails

Кралот е Сменет: Strategy го остави BlackRock зад Себе со Најголемата купувачка на Биткоин од 2024

by CryptoBanana MK Team
април 22, 2026

Неодамна, Strategy направи потег кој го потресе целиот крипто пазар. Имено, тие купија 34,164 BTC токени во вредност од $2.54 билиони. Ова е нивната најголема купувачка за оваа...

Read moreDetails
Next Post

Tom Lee Вели Дека "Мини Крипто Зимата" Заврши, Bitmine Купи 65,341 ETH

Related News

Solana Го Освојува Светот: Нова Платформа Со Поддршка Од Mastercard И Western Union

април 6, 2026

Трамп со остра порака до Иран, Биткоинот веднаш ја проби границата од $69.000

април 6, 2026

Bitcoin Падна Под $70.000 – Време Е За Паника Или За Купување?

април 6, 2026

Browse by Category

  • Анализи
  • Вести
  • Криптопедиа
Cryptobanana Македонија

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија

  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

Контактирајте не

No Result
View All Result
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија