Крипто пазарот во последните неколку дена покажува невообичаена стабилност, со Bitcoin стабилизиран околу важната граница од $70.000. Поради ова, многу инфлуенсери како Crypto Tony предвидуваат повторен раст на цената на Bitcoin во иднината. Техничките индикатори истотака покажуваат дека крипто биковите се во контрола моментално, потенцијално кревајќи ја цената на оваа валута.
Геополитиката Како Плус За Пазарот
Добар поттик доби крипто пазарот откако Доналд Трамп објави дека ќе ги одложи потенцијалните напади на енергетските објекти на Iran за 5 дена. Оваа изјава предизвика пониска загриженост за ескалирање на воениот конфликт, што веднаш се одрази на крипто пазарот. Меѓутоа, пазарот доби само мал раст, а не голем пробив нагоре.
Bitcoin Сеуште Променлив
Bitcoin сеуште е многу променлив иако ова беше добра вест. Според CoinMarketCap, цената на Bitcoin се движеше од околу $74,000 до $70,000 во минатата недела. Во еден момент, оваа крипто валута дури стигна до $68,000. После изјавата на Трамп, Bitcoin се врати на $70,000 што претставува силна зона на поддршка.

Засега, Bitcoin не покажува јасна намера да го пробие ова ниво во ниту една насока. Ваквите периоди на консолидација често се клучни. Тие покажуваат дека крипто валутата собира сила, а следниот потег може да иде експлозивно нагоре или надоле.
Според крипто инфлуенсерот Crypto Tony, двете сценарија се можни. Во неговиот X пост, тој предвидува дека цената на Bitcoin може да види пад до $67,700 наскоро. Но, истотака Crypto Tony изјави дека BTC има потенцијал да се искачи до $73,000 после овој пад повторно.
Техничките Индикатори Се Позитивни
Иако целиот пазар седи во стагнација, техничките индикатори делумно даваат позитивни показатели. Датата на Investing.com покажува дека MACD (12,26) индикаторот има моментално бројка од 97.7 што е позитивна. Да појасниме, просечната 12-дневна цена на Bitcoin забрзува побрзо од просекот од 26-дена. Ова укажува на потенцијален раст.
Исто така, датата покажува дека крипто биковите се во контрола последниве 13 дена. Овој индикатор има вредност од 2450 што е во зоната на купување. Ако техничките индикатори се покажат точни, можно е да следи т.н. „relief rally“. Ова е краткорочен раст кој ќе ги изненади крипто трговците. Но, сценариото со пад останува реално ако макроекономските или геополитичките фактори повторно направат притисок.









