Bitmine во последно време привлекува значително внимание со својата интензивна акумулација на Ethereum. Компанијата го зголеми своето Ethereum крипто портфолио за речиси 61,000 ETH, бројка што ја стигна во една недела. Со оваа трансакција, вкупните резерви на Bitmine достигнаа 4.6 милиона ETH. Ова е одприлика 3.81% од вкупната понуда на Ethereum токени.
Зголемена Акумулација На Ethereum Од Bitmine
Според официјалната изјава на Bitmine, акумулацијата на Ethereum се засилила во последниов период. Претседателот на Bitmine, Tom Lee изјави дека Bitmine има купено околу 61,000 ETH во последната недела. Ова е големо засилување од обичните 45,000 до 50,000 ETH што Bitmine неделно ги купува. Не само тоа, потегов допринесе до Bitmine да има вкупно 4.6 милиони ETH во своите резерви.

Tom Lee тврди дека ова засилување може да се препише на фактот дека многу аналитичари во Bitmine верувале дека ETH е близу локално ценовно дно. Да појасниме, во тој период цената на Ethereum беше близу $1,900. Овој пад придонесе многу инвеститори да изгубат интерест во Ethereum криптото. Но, Bitmine го искористиле овој период да ги зголемат своите резерви со ETH наместо да се повлече.
Тие верувале дека ова е само привремент пад, пред крипто маркетот да се врати во позиција на раст. Ако е ова точно, купувањето на Ethereum од страна на Bitmine може да стане многу профитабилна во следниот пазарен циклус.
Цената На Ethereum Во Раст Но Црвени Технички Индикатори
Кога станува збор за цената на Ethereum и нејзиното однесување, картите покажуваат значителен пораст. Според CoinMarketCap, Ethereum има забележано над 10% покачување на својата цена во период од една недела. Во тој период, цената на Ethereum се има зголемено од прилика $2,000 до преку $2,300.

Но, техничките индикатори покажуваат друга слика за Ethereum криптото. Според датата од TradingView, MACD индикаторот како и Williams %R исто така покажуваат црвени мерки. Овие индикатори покажуваат дека има зголемено движење на продавачите на Ethereum. Како што расте притисокот за продавање на оваа крипто валута, цената на истата може да падне.
Што Значи Ова За Крипто Пазарот?
Ако ја гледаме поголемата слика, една компанија како Bitmine да држи скоро 4% од вкупната бројка на Ethereum токени е сигнал дека оваа валута станува се поголема. Се повеќе компании ја гледаат крипто валутата како стратешка резервна средство. За брзо време, може да се каже дека ќе ја гледаат исто како што компании традиционално гледаат во злато и други вредни метали.
Сега, на ред се другите институции. Ако ги следат стапките на Bitmine и почнат да акумулираат голем број на Ethereum во своите резерви, нова ерупција на крипто пазарот може да дојде. Можеби и помалку познатите крипто валути ќе добијат значење во овој период. Така што, Bitmine со своите 4.6 милиони ETH во резерва можеби ќе допринесе до поголемо усвојување на целиот крипто пазар во иднината.









