Bitmine сврте глави во крипто пазарот откако објави дека купила 101,627 Ethereum во текот на изминатата недела. Ова е најголемата неделна набавка на компанијата за 2026 година и јасен сигнал дека институционалниот интерес за ова крипто не слабее. Истовремено, цената на Етереум се движи многу брзо и нагло.
Tom Lee: Крајот на “Крипто Зимата“ е Блиску
Неодамна, Bitmine изјави дека купила 101,627 ETH токени во една недела. Со оваа трансакција, вкупните резерви на компанијата достигнаа 4.976 милиони ETH, додека комбинираната вредност на крипто и кеш позициите изнесува околу $12.9 билиони. Исто така, ова е најголема набавка од Декември 2025.

Оваа масивна набавка на Етереум не изгледа како краткорочен потег, туку како дел од поширока стратегија за акумулација. Bitmine очигледно се позиционира пред потенцијален нов биковски циклус за цената на Етереум.
Претседателот на компанијата, Tom Lee излезе со оптимистичка прогноза. Во истата објава, Tom тврди дека крипто зимата е поблиску до крај отколку што многумина мислат. Според него, историските податоци покажуваат дека долгите зими често се совпаднуваат со падови на берзите од најмалку 20%. Во 2026 година, пак, падот на берзите изнесува само околу 8%, што укажува дека оваа зима можеби нема да трае долго.
Цената на Етереум Сеуште Непредвидлива
Меѓутоа, цената на Етереум е сеуште непредвидлива. CoinMarketCap покажува дека вредноста паднала од $2,380 до $2,320 во изминатите седум дена. Ова може да е само мала корекција откако цената на Етереум се крена над 10% во последниот месец. Во тој период, ETH успеа да се искачи и до највисокото 10-неделно ниво.

Отпорните нивоа кои треба да се пробијат седат околу $2,350 и $2,400. Доколку овие нивоа се пробијат, се наоѓа понатамошен отпор околу $2,500 долари и $2,600. Од друга страна, неуспешниот пробив би можел да забележи пад на цената на Етереум кон $2.200.
Техничките Индикатори се Позитивни
Техничката анализа за Етереум криптото покажуваат добри сигнали исто така. На пример, Investing.com покажува дека 14-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 60 што е во зелената зона. Оваа вредност често укажува на тоа дека моментумот се движи во нагорна насока за една криптовалута.
Не само тоа, MACD (12,26) индикаторот има позитивна вредност од 4.68. Ова значи дека 12-дневниот тренд е повисок од долгорочниот тренд што укажува на позитивен моментум. Ова укажува на акумулација и потенцијален пробив за цената на Етереум во наредниот период.
Зголемениот интерес од институциите како Bitmine дополнително ја зајакнува оваа слика, бидејќи тие често влегуваат пред поголеми движења.
Следниот Биковски Циклус доаѓа Наскоро?
Комбинацијата од масивната купувачка на Bitmine, позитивни технички сигнали и оптимистички прогнози од Tom Lee создаваат сценарио на биковски циклус за Етереум. Ако овој тренд продолжи, цената на Етереум може да види голем пресврт бидејќи многу повеќе институционални инвеститори би станале заинтересирани за нејзе.
Затоа, вредно е да се запамти дека долгорочната слика изгледа многу пооптимистичка за ова крипто иако краткорочната волатилност може да заплаши.









