Grayscale Investments направи голем чекор со заклучување (staking) на 83,200 ETH токени кои се вредни околу $184 милиони. Оваа трансакција е реализирана преку нивниот Grayscale Ethereum Mini Trust и доаѓа во клучен момент за крипто пазарот.
Во последните неколку дена, цената на Етереум расте. Во ваква средина, потегот на Grayscale ја нагласува зголемената доверба на институционалните инвеститори во Етереум и нејзиниот можен скок.
Институционален Потег што Направи Бранови
Неодамна, Lookonchain направи објава на својот X профил каде што посочи дека Grayscale заклучи 83,200 ETH токени преку Grayscale Ethereum Mini Trust. Со „заклучување“ на овие средства, Grayscalе активно придонесува за безбедноста на мрежата и плус инвестира во Етереум.
Во последните шест месеци, Grayscale континуирано ја зголемува својата изложеност кон Етереум. Ова се совпаѓа со поширокиот тренд на институционални приливи и големи играчи кои помогнаа да се стабилизира цената на Етереум по минатогодишната волатилност. На пример, Ерик Ворхис неодамна купи 396.7 ETH токени. Како еден од најзначајните крипто поддржувачи, се пази на секој негов потег.
Се ова придонесува на долгорочна стратегија која можеби ќе ги позиционира Grayscale и сите други големи играчи во добри места пред биковски раст на цената на Етереум.
Раст на Цената на Етереум, но Внимание на Сигналите
Кога станува збор за цената на Етереум, таа се соочува со позитивен моментум. CoinMarketCap покажува дека ETH вредноста се качила од $2,060 до $2,190 во изминатите седум дена. Ова е раст од преку 5% во само една недела за Етереум.

Сепак, техничките индикатори покажуваат мешани сигнали за оваа криптовалута. На пример, Investing.com дата покажува дека 13-дневниот bull/bear power индикатор има вредност од 4.48 што е во зелената зона. Ова значи дека биковите имаат контрола и ја туркаат цената на Етереум над 13-дневниот просек.
Од друга страна пак, MACD (12,26) индикаторот има вредност од -3.82 што е во црвената зона. Ова значи дека 12-дневниот подвижен просек е за 3.82 поени под 26-дневниот просек – покажувајќи силен целокупен надолен импулс. Овие фактори покажуваат можност за пад на цената на Етереум.
Дали се Подготвува „Полетување“?
Големите институционални потези како овој од Grayscale, често се гледаат како сигнал за големи движења на крипто пазарот. Кога станува збор за Grayscale, потегот да се заклучат 83,000 ETH не е случаен. Тој претставува внимателно испланирана стратегија која комбинира сигурност на мрежата и можност за раст.
Со зголемено заклучување и растечка цена, многумина веруваат дека Етереум може да се соочи со нов силен раст наскоро. Но, исто така мора да се напомене дека техничките индикатори се мешани што е лош знак. Затоа, неодамнешниот раст на цената на Етереум може да биде краткотраен. Следните неколку недели ќе покажат дали овој тренд ќе продолжи или ќе следи уште една корекција за Етереум.









