Крипто пазарот е повторно жешка тема на разговор откако Биткоин ETFs добија прилив од $471 милиони во само еден ден. Ова претставува најголем дневен прилив од крајот на Февруари. Истотака, сигнализира обновен интерес од институционалните инвеститори за оваа криптовалута.
Меѓутоа, Биткоин цената е сеуште во неизвесна фаза со консолидација околу $69,000. Сега е прашање дали овој интерест од институционални инвеститори ќе успее да придонесе нов раст за цената на ова крипто.
Масивен Прилив на Капитал во Биткоин ETFs
Според дата од Farside Investors, Биткоин ETFs се соочиле со дневен прилив од $471 милиони. Ова е најголем дневен прилив од крајот на Февруари кога овие фондови искусија прилив од $507 милиони во само еден ден.

Најголемите приливи се od BlackRock преку iShares Bitcoin Trust (IBIT) во висина од $181 милиони. По него е Fidelity со фондот FBTC со прилив од $147 милиони. На позиција три се наоѓа ARK 21Shares Bitcoin ETF (ARKB) со $118 милиони.
Овие бројки јасно покажуваат дека интересот на големите институции за оваа криптовалута повторно расте. Истотака, ова се гледа како еден од најсилните фактори за потенцијалното нагорно движење за Биткоин цената.
Биткоин Цената е Близу $70,000, но со Чести Падови
Кога станува збор за Биткоин цената, таа сеуште се движи од $66,000 до $70,000. Според CoinMarketCap, BTC моментално има вредност од околу $68,000. Во минатата недела, Биткоин цената дури стигнала до $70,000 но повторно се соочила со пад поради геополитички тензии како новата воена реторика на Доналд Трамп.

Овој краткорочен скок и пад ја покажува моменталната нестабилност на крипто пазарот. Интересно е што и покрај огромниот прилив на капитал, Santiment посочија кон фактот дека Биткоинот неодамна имал највисок процент на мечкини дискусии т.н страв од 28 Февруари.
Тие исто кажаа дека има само 0.81 позитивни дискусии на 1.00 негативни дискусии за ова крипто на социјалните мрежи. Ова укажува дека инвеститорите сè уште се внимателни и несигурни за краткорочниот правец на ова крипто.
Негативни Технички Индикатори
Од техничка гледна точка, анализата е истотака негативна. На пример, Investing.com датата покажува дека 14-дневниот RSI индикатор има вредност од 41 и е во “Sell” зоната. Оваа вредност значи дека продавачката силина добива уште поголем замав но уште не е во екстремно „мечкина“ територија (која често се смета за под 30).
Истотака, 13-дневниот bull/bear power индикатор моментално има вредност од -1050 што е во “Sell” зоната. Ова значи дека крипто мечките ја буткаат цената на BTC надоле од својот 13-дневен просек. Дополнително, неуспехот на Биткоин цената да се задржи над $69,000 покажува дека отпорот во оваа зона останува силен.
Големи Пари Влегуваат, но Неизвесноста Останува
И покрај негативните технички сигнали, огромниот прилив во Биткоин ETFs покажува дека институционалните инвеститори не се повлекуваат. Тие можеби гледаат добар потенцијал за пресврт во моменталната слабост на оваа криптовалута.
Прашањето што останува е дали Биткоин ќе успее да го искористи овој капитал за нов пробив или ќе продолжи да се движи во зона на консолидација. Како и да е, условите за експлозивно движење на оваа криптовалута се веќе направени.









