Фондацијата зад Солана претстави нов безбедносен систем наречен STRIDE. Оваа иницијатива има за цел да донесе поголема транспарентност и сигурност во екосистемот. Оваа вест доаѓа во тежок период за Солана криптото. Според графите, цената на Солана е во константен пад овој месец. Но, дали оваа новост ќе успее да донесе повторен раст?
STRIDE – Нов Чекор кон Поголема Безбедност
Неодамна, Солана го објави новиот STRIDE безбедносен framework. Овој систем е развиен во соработка со Asymmetric Research. Тој претставува стандарден пристап за анализа и следење на ризици кај проектите изградени на Солана.

STRIDE е дизајниран да помогне во идентификување на потенцијални ранливости, следење на безбедносните закани и подобрување на реакцијата на инциденти низ целиот екосистем. Ова доаѓа во време кога безбедноста станува клучен фактор за доверба кај инвеститорите.
Новиот систем ги оценува протоколите на Солана преку осум клучни категории како на пример интегритетот на програмите. Секој проект што учествува во програмата поминува независна ревизија, а резултатите се објавуваат јавно. Ова значително ја зголемува транспарентноста.
Пад на Цената на Солана
Кога станува збор за цената на Солана, таа е во тешка ситуација моментално. Според CoinMarketCap, вредноста на SOL паднала од $84 до $79 во минатиот месец. Ова е пад од околу 5% во само неколку недели за Солана.

Но, систематските промени како STRIDE потенцијално би можеле да бидат значајни за повторен раст на цената на Солана. Историјата покажува дека значајни системски безбедносни и инфраструктурни подобрувања често водат до нови покачувања на цената на една криптовалута. Плус, неодамнешната поддршка од гигантите Mastercard и Western Union за Solana Developer Platform истотака придонесува до позитивниот говор за Солана.
Техничките Индикатори Покажуваат Негативни Движења
Меѓутоа, техничките индикатори за Солана покажуваат негативни знаци. Според Investing.com, 13-дневниот bull/bear power индикаторот има вредност од -0.163 и е во “Sell” зоната. Ова значи дека крипто мечките моментално ја држат моќта и ја буткаат вредноста на Солана под просекот од последните 13 дена.
Не само тоа, RSI индикаторот моментално има вредност од 42 во последните 14 дена. Ова е истотака е во “Sell” зоната и укажува на надолна пристрасност за оваа криптовалута. Сите овие индикатори кога ќе ги погледнеме комбинирано, евидентно е дека цената на Солана може да продолжи по надолниот пат бидејќи мечките се во контрола.
Дали STRIDE е Катализатор за Нов Раст?
Иако техничка анализа за Солана не е оптимистична, можеби лансирањето на STRIDE ќе донесе нов интерест околу ова крипто. Ова е токму она што му е потребно на екосистемот за да започне да привлекува инвеститори.
Поголемата транспарентност, подобрената безбедност и побрзата реакција на закани се фактори што институционалните инвеститори внимателно ги следат. Доколку довербата се зголеми, тоа може директно да се одрази и врз цената на Солана.
Како и да е, ваквите чекори можат да постават основи за идниот раст иако цената моментално е под притисок, а техничките индикатори се негативни. Ова за инвеститорите може да значи дека зад моменталната слабост се крие потенцијал за силен пресврт – особено доколку се спроведат овие подобрувања.









