Cryptobanana Македонија
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт
No Result
View All Result
Cryptobanana Македонија
No Result
View All Result
Home Анализи

XRP Армијата се шири: 8.1 милиони Ledger Паричници среде корекција

CryptoBanana MK Team by CryptoBanana MK Team
април 6, 2026
in Анализи
1
74
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on Twitter

На крипто пазарот моментално нема стабилност, но мрежата за XRP бележи уникатен успех. Имено, XRP Ledger паричниците достигнаа 8.1 милиони. Ова е значаен раст додека XRP цената гледа мала корекција. 

You might also like

Еуфорија за Биткоин откако го Помина Нивото од $80,000 Прв Пат од Јануари

XRP Се Соочи со еден од Најголемите Одливи, но Историјата вели Можен Раст на Цената Наскоро

Nate Geraci Посочи: Биткоин ETFs “Газат“ – 10 од последните 11 дена Завршуваат во Огромен Плус

Само во првата четвртина од 2026 година, бројот на паричници пораснал за 3.39%. Ова укажува на проширување на корисничката база. Овој тренд покажува дека екосистемот на Ripple продолжува да се развива и покрај ценовните турбуленции.

XRP Ledger Достигна 8.1 Милиони Адреси

Неодамна, инвеститорката Ери направи објава на својот X профил во кој сподели добри вести за XRP. Во таа објава, Ери кажа дека XRP Ledger паричниците достигнаа 8.1 милиони. 

Despite a softening of the $XRP price that began in July 2025 (shown in black), wallets continue to climb (shown in blue).
👉8.1M #XRP Ledger wallets as of April 4, 2026
Source: CryptoQuant pic.twitter.com/vSpOd94jg7

— 🌸Eri ~ Carpe Diem (@sentosumosaba) April 5, 2026

Еден од најзначајните сигнали во однос на оваа статистика е зголемен број на значајни инвеститори. За прв пат од септември минатата година почна да се зголемува и бројот на „милионерски паричници“, односно адреси со XRP токени во вредност од $1 милион. Ова значи дека крипто китовите повторно почнаа да купуваат XRP.

Ова може да е резултат од неодамнешното партнерство помеѓу Ripple и Convera со кое се забрзуваат прекуграничните трансакции. 

XRP Цената Опаѓа Но Техничките Индикатори Се Зелени

Додека интересот во XRP расте, цената на оваа критповалута опаѓа. Според CoinMarketCap, XRP цената паднала од $1.40 до $1.35 во минатите 30 дена. Во еден момент, оваа цена дури се качила и до $1.60 пред повторно да падне. XRP изгуби повеќе од 60% од вредноста од својот врв во јули 2025 година кога достигна околу $3.65.  

И покрај падот на цената, техничките индикатори за XRP даваат пооптимистична перспектива. Анализите покажуваат дека оваа криптовалута можеби се наоѓа во фаза на акумулација. Имено, Investing.com покажува дека 14-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 74. 

RSI над 70 често се толкува како сигнал за продажба од страна на многу трговци. Но, кога ќе ги земеме во предвид другите технички индикатори, RSI над 70 покажува и силен биковски тренд. На пример, 13-дневниот bull/bear power индикаторот има вредност од 0.0365. Бидејќи овој број е над нула, тоа значи дека моќта на биковите е појака. Ова укажува на тоа дека купувачите ја туркаат XRP цената над 13-дневниот просек.

Тивки Движење И Притисоци На Пазарот

Иако XRP цената се наоѓа под значителен притисок и паднала во последните неколку недели, податоците од мрежата покажуваат сосема друга слика. Растот на бројот на XRPL паричници и враќањето на големите инвеститори укажуваат дека интересот за оваа критповалута не само што не опаѓа, туку и се зголемува.

Оваа комбинација на силни фундаментални движења и позитивни технички сигнали може да значи дека пазарот се подготвува за следната фаза. Во други зборови, корекцијата на XRP цената може не е крај туку нова можност за купување пред потенцијален раст.

Tags: Ledgerxrp
Share30Tweet19
CryptoBanana MK Team

CryptoBanana MK Team

Recommended For You

Еуфорија за Биткоин откако го Помина Нивото од $80,000 Прв Пат од Јануари

by CryptoBanana MK Team
мај 4, 2026

Биткоин цената успеа да го достигне нивото од $80,000 првпат од крајот на Јануари 2026 година. Овој пробив може да се види како силен нагорен моментум и враќање...

Read moreDetails

XRP Се Соочи со еден од Најголемите Одливи, но Историјата вели Можен Раст на Цената Наскоро

by CryptoBanana MK Team
април 27, 2026

XRP забележа еден од најголемите дневни одливи во 2026 година, со околу 34.94М XRP што излегле од берзите во период од 24 часа. Според податоците од Santiment, ова...

Read moreDetails

Nate Geraci Посочи: Биткоин ETFs “Газат“ – 10 од последните 11 дена Завршуваат во Огромен Плус

by CryptoBanana MK Team
април 24, 2026

Spot ETFs поврзани со Биткоин направија силен пресврт во 2026 година, преминувајќи во позитивна територија. Според податоците анализирани од Nate Geraci, овие фондови забележале големи приливи 10 од...

Read moreDetails

Аналитичарите не престануваат: Зошто Етереум е на пат кон $250.000 според експертите од Fundstrat?

by CryptoBanana MK Team
април 24, 2026

Познатиот аналитичар Tom Lee од Fundstrat Global Advisors неодамна обрна внимание на една смела прогноза за Етереум цената. Тој посочи на извештајот на Etherealize кој вели дека вредноста...

Read moreDetails

Кралот е Сменет: Strategy го остави BlackRock зад Себе со Најголемата купувачка на Биткоин од 2024

by CryptoBanana MK Team
април 22, 2026

Неодамна, Strategy направи потег кој го потресе целиот крипто пазар. Имено, тие купија 34,164 BTC токени во вредност од $2.54 билиони. Ова е нивната најголема купувачка за оваа...

Read moreDetails
Next Post

Трамп со остра порака до Иран, Биткоинот веднаш ја проби границата од $69.000

Please login to join discussion

Related News

Ripple Покажува Знаци За Раст, Инфлуенсери Предвидуваат Цена Од $1.56 Наскоро

април 6, 2026

Етерeум го достигна 10-неделниот врв, а бројот на “Китови” Продолжува да Расте

април 14, 2026

Bitcoin Падна Под $70.000 – Време Е За Паника Или За Купување?

април 6, 2026

Browse by Category

  • Анализи
  • Вести
  • Криптопедиа
Cryptobanana Македонија

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија

  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

Контактирајте не

No Result
View All Result
  • Вести
  • Анализи
  • Криптопедиа
  • Контакт

© 2026 Cryptobanana - Водечка Крипто публикација во Македонија