Биткоин цената успеа да го достигне нивото од $80,000 првпат од крајот на Јануари 2026 година. Овој пробив може да се види како силен нагорен моментум и враќање на оптимизмот кај инвеститорите за оваа криптовалута. Исто така, познати инфлуенсери предвидуваат голем раст за Биткоин цената наскоро.
Импресивно Закрепнување од 30%
По падот на околу $62,000 на 5 Февруари, Биткоин криптото успеа да направи речиси 30% раст за краток период. Овој скок укажува дека BTC успешно апсорбирал претходни притисоци и гради нагорен тренд повторно. Но, ова закрепнување не дојде случано. Имено, Matt Hougan од Bitwise истакна дека Strategy е најголемиот фактор зад последниот скок на Биткоин цената.
Познатите инфлуенсери се исто така позитивни за ова крипто. На пример, Michael van de Poppe направи објава на својот X профил каде што кажа дека Биткоин цената може слободно да стигне до $100,000. Тој смета дека на Биткоин не му е потребен нов катализатор за да го достигне ова ниво. Со други зборови, моменталните пазарни услови и постоечкиот нагорен тренд се доволни.
Биткоин Цената е во Движење
Зборувајќи за Биткоин цената, CoinMarketCap покажува дека се кренала од $77,800 се до $80,000 во изминатите седум дена. Но, не успеа да го задржи тоа ниво па падна до $79,000 повторно. Сепак, ова е голема вест и е продолжение на месечниот нагорен тренд во кој Биткоин криптото се крена скоро 20%.

Биткоин цената се соочува со непосреден отпор во опсегот од $79,000 до $80,500. Клучните нивоа на отпор што треба да се следат за одржлив пробив се $82,000 до $84,000, што се совпаѓа со 200-дневниот подвижен просек.
Од друга страна пак, клучната краткорочна поддршка е околу $75,000 – $76,000 за BTC, со понатамошна критична поддршка близу $72,000 (100-дневен подвижен просек). Доколку овие нивоа не успеат да се задржат, поддршката е на $68,000 за ова крипто.
Техничката Слика е на Страната на Биковите
Покрај фундаменталните фактори, техничката анализа исто така дава позитивни сигнали. Според Investing.com, 14-дневниот RSI индикатор моментално има вредност од 61 што е во зелената зона. Ова значи дека криптото има силен растечки моментум. Иако не е во зоната на „екстремно прекупено“ (70), е доволно висок за да покаже здрав тренд на раст.
Не само тоа, 13-дневниот bull/bear power индикатор е во позитивната зона со вредност од 309. Ова значи дека биковите моментално доминираат и ја буткаат Биткоин цената над 13-дневниот просек. Сите овие фактори комбинирано укажуваат на тоа дека овој нагорен тренд може да продолжи.
Дали сме на Почеток на Нов Голем Раст?
Тешко е да се каже со сигурност, но многу работи покажуваат дека Биткоин цената е на пат за нов раст. Пробивањето на $80,000 е важен чекор, но вистинскиот тест ќе биде одржувањето на ова ниво. Ако растот продолжи, дури и цената од $100,000 не изгледа невозможно. Напротив, таа е наредната, а и логичната цел за ова крипто.








